Верските доктрини на големите светски религии генерално не се нешто посебно ентузијастични кога е во прашање машкото самозадоволување. Таоистите велат дека тоа предизвикува намалување на енергијата во организмот, во исламот е дозволено само во исклучителни ситуации кога е замена за „поголемо зло" (на пример секс вон бракот) но никако за време на пост, Талмудот стриктно го забранува бидејќи не само што доведува до некорисно истурање семе туку и до нечисти мисли кон не-сопругите.
Но во христијанска Европа од 19-тиот век, особено во католичкиот свет, мастурбацијата била наводен извор на куп зла, од бубуљици до лудило. Очајните околности изнудуваат очајни мерки - еве ги справите кои требало да ја сузбијат секоја помисла (а да не збориме за дејство) некој сам себе да си подаде рака на разбирање.
(горе) 1. Рани основни модели
2. Прстени за спречување ерекција
3. Bowen Device (справата на Боуен)
Мало капаче на главата кое со жички е поврзано со срамните влакна. По принципот мрднеш-губиш, при секој евентуален притисок врз капачето „справата" едноставно кубе.
4. „Кафез"
Од прирачник за медицина од 1885, овој кафез ако ништо друго не содржел внатрешни боцки какви што вообичаено имале сличните справи кои требало да ве натераат да речете „ексик" на секоја помисла на самодопирање.
5. Справа за ладење на пенисот
Буквален студен туш, патентиран од Френк Орт во 1893. Потребни биле водоотпорни пантолани, затоа што при евентуална ерекција справата испуштала студена вода која сигурно успевала да ги олади сите жешки мисли.
6. Прангите на Стивенсон
Патентиран во 1876, ова е класичен „бондиџ", направа за врзување, за да не мрда.
7. Ѕвона ѕвонат
Патентиран во 1899 од Џорџ Дадли, овој елабориран систем реагира со звук на ѕвонче на „отокот", предупредувајќи го не само носителот на справата туку и на сите блиски роднини, комшии и пријатели, дека тука нешто се случува.
8. Појас на невиноста (со асли катанец и клуч)
9. Струен кафез
Дизајниран од изумителот Алберт Тод, ова е една од двете анти-мастурбациски справи регистрирани во канцеларијата за патенти на САД во 1903 (да, истата година кога ние сме го патентирале црешовото). Не е во кафез само пенисот туку и тестисите, а таа кружната жица е всушност појас напраевен од цинк и бакарни плочки кои генерираат струја. Па сега вие видете.