Збирката која ја претставуваме вклучува наслови како „Музика за мамурлук", „Мелодии само за возрасни" и музика за „мажи и женски со либерални ставови".
Најмногу нè плени албумот „Како да направиш стриптиз за сопругот: музика за повесел брак", кој оди заедно со специјални инструкции на (тогаш) најпознатата стриптизерка, и актерка во бурлески Ан Корио, и претставува одлично иронизирање со стереотипот на домаќинка од американските медиуми од шеесетите на дваесетиот век.
По неговиот голем успех, следел и втор дел - „Како да направиш стомачен танц за твојот сопруг". Инструменталите се на оркестарот на Сони Лестер. Нота бене: не сме сигурни како би поминал денес омотот на музиката од средниот исток на Мохамед Ел-барак и неговиот ориентален ансамбл.
Ви посакуваме убав ден, со звук и слики!