Неговото Кејвовство сепак се логираше на официјалниот акаунт на Bad Seeds, иако претходно изјави дека идејата не му се допаѓа: „Премногу го мразам ова, а уште не сум ни почнал".
Во одговорите на прашањата на обожавателите имаше (а како и би немало) луцидни моменти, кои академски би можеле да ги опишеме како „акрибични". Кога некој му пиша дека во Мексико се појавил мурал каде Ник е претставен во друштво со Курт Кобејн, како куче со човечка глава, тој беше воодушевен: „Кул, навистина ми се допаѓа. Во стилот на големата традиција на мексиканските мурали. Диего Ривера вода може да му носи".
Од каде црпи инспирација: „Јас пишувам песни, раскажувам приказни, и оттаму сум воајер. За тоа се сите мои песни".
За влијанието на дрогите врз неговата креативност: „Раниот период - главно позитивно. Среден период - проблематично. Доцен период - целосно уништување".
На прашањето дали некогаш сакал да патува во вселената: „Јас сум во таму веќе долги години".
Омилена негова песна: Jack the Ripper, а албум Nocturama, „бидејќи сите го мразат".
На „што стана со мустаќите и со машката еманципација" - „Не знам за машката еманципација, ама жена ми рече дека е како да бацуваш чергиче за пред врата".
За сите со амбиција да го следат неговиот пат, или воопшто патот на музичките ѕвезди, еве го сепак најдобриот совет од целиот разговор: