Bookbox

„Загубениот“ роман на Вуди Гатри

Славниот кантавтор во текот на животот напишал (и испеал) илјадници песни, но колку што се знае, до смртта во 1967, напишал само еден роман, неодамна пронајдениот „Куќа од земја". Издавач е - Џони Деп!

Клубови за муабет за смртта

Memento mori - запомни дека си смртен, гласи латинската изрека. Некои луѓе ова го забораваат, други го потиснуваат, но трети се подготвени со време да се соочат со овој факт. И тоа дури лежерно си пијат кафе.

Поп историја раскажана низ Лего

Во бројни домаќинства Лего коцките се основен градежен материјал на денот, без оглед дали со нив со саати се игра, или на некоја од нив се нагазува со боса нога.

Пасоши на славните

Kaко и визит картите кои ги објавивме неодамна, така и личните документи на познатите уметници кажуваат нешто за нивниот лик и дело. Особено ако се пасоши, на кои обично има онакви глупави фотки, но и печати кои ги раскажуваат приказните за нивните патувања.

Цитатот и неговиот вистински автор

Постојат куп изреки кои како „бисери на мудроста" масовно се споделуваат на интернет. Како поздрави и честитки се испраќаат и цели песни или кратки раскази. Но дали тој-и-тој навистина го напишал тоа-и-тоа, и зошто е тоа важно?

Шеесет години стара е-книга

Aко мислите дека е-читачот е модерен пронајдок, оваа вест можеби ќе ве разубеди. Историчари тврдат дека една учителка од Шпанија имала инспирација за него уште во 1949.

Човекот со кого спиеш

Пред да почне навалицата од текстови поврзани со љубов, ангелчиња во лет и бонбоњери во форма на срце, еве еден убав визуелен приказ на најголемата интимност која можат да ја споделат двајца. Да, заедничкото спиење.

Нокаут за шах-мат

Има така денови кога човек е фасциниран од некакво интернет откритие. За мене денес е ова - фактот дека постои дисциплина (засега само машка) која го премостува јазот помеѓу физичкото и интелектуалното, во која е подеднакво важно и како се тепаш, и како мислиш. А сето тоа почнало само како СФ идеја на еден стрип цртач.

Од кал да е, мх-мх да е!

Темава на прв поглед повеќе одговара ко за Мојата кујна. На втор, ова не само што делува ко да не се јаде, туку и како софистициран уметнички перформанс, кој можеби порачува - од кал да е, ексцентрично да е.

Куферот на Дерида

Францускиот филозоф, татко на деконструкцијата, пост-структуралист и постмодернист, едно од оние имиња по кои често се посегнува кога човек сака да звучи начитано („како што вели Дерида..."), има нова биографија. А во неа и една интересна анегдота, која колку што зборува за него, толку зборува и за односот на власта кон мислечките суштества.

Човекот кој како дете сакал да биде старец

Нема подобро интервју со Вејтс од она кое можете да го чуете - со годините гласот и начинот на кој зборува му станува како на некој стар мудрец од Малешевијата, кој со поглед вперен во снежните врвови, со кавалче во едната и пљоска сок од бозел во другата рака, од време на време проговара: „И му викам ја на Кит..."

Како да опишеш сирење?

Замислете тезга на Буњаковец на која се продава сирење, урда и кајмак со натписи на нив, нешто во стилот: „Беровско-мераклиско, од овците медот" или „Секој петок да ја јадеш, прсти да лижеш". Така, ама и многу пософистицирано ги рекламираат нивните сирења продавачите во Њујорк.

Бактериолошки исправна поезија

По веста дека 154 сонети на Шекспир и говор на Мартин Лутер Кинг се складирани во човечка ДНК, сега еден поет успеа да ја направи првата поетска - бактерија!

Реклами со порака

Во продолжение на нашата подрубрика за женски прашања, право на лакирање нокти и слобода на мрчење, неколку примери на користење на женското тело во реклами, од глупо, грдо, до грозно и катастрофално. Не е потребно да знаете што е „семиологија" за да ги сфатите.

Фројд - вистинскиот пронаоѓач на „таблетот"?

Славниот психоаналитичар секако не пишувал ништо за iPad-от и современите таблети. Но метафората која ја користи во еден помалку познат есеј посветен на „Мистичниот пад" чудно потсетува на структурата и функцијата на оваа денешна технологија.

Уметност во снег и мраз

Зимово се изначекавме на прилика да пишуваме на оваа тема, но денес условите изгледаат идеални. Компилација на дела кои сведочат за ефемерноста на уметноста, и на животот. Денес го има - утре го нема, ама важно било убаво.

Орвел 2013-та

Во Британија со различни настани за прв пат беше одбележан Денот на Орвел, годишнината од смртта на славниот автор, кој умре на 21. јануари 1950. А што ако беше жив?

Клетвата на Хемингвееви

Да си потомок на познат автор и да го носиш неговото презиме сигурно некогаш во животот се исплати. Но генетското наследство понекогаш знае да биде и товар. Мериел Хемингвеј, внуката на Ернест, раскажува за ова во документарец кој е дел од овогодинешната програма на Санденс.

Безделничари од сите земји - забушавајте!

Ако денов ви тргна мрзоволно, до толку што дури не ви се чита ни овој текст, ич не се секирајте. Копнежот по безделничење е сосема здрав, исправен, и да видиш чудо - дури и ефикасен. Не, во моментов не зјаете во мониторов одложувајќи ги побитните работи. Вие само умно ги проценувате приоритетите, и без непотребна хистерија ги извршувате. 

Визитки на познатите

Имав еден другар, Стефан, чија визит карта гласеше „Штеф - мајстор за убави работи“. Таа, и уште една чиј сопственик под името има допишано „хомо сапиенс?“ се најинтересните кои ми паднале в рака. Еве неколку на неколку славни личности, кои зборуваат колку за ликот, толку и за нивното дело.

Колку многу е премногу?

Вообичаено слушаме бунење заради политичка некоректност на извесна изјава, текст или книга. Овој пат некој критикува прекумерно „дотерување" на детската литература, така за да не звучи навредливо.

Менталните мапи на Брн

Дејвид Брн си го сакаме заради музиката и точаците, но човекот е талентиран за повеќе работи. На пример за цртање со молив, и за дијаграмско, едноставно претставување на сложени концепти.