Песничките се прекрасни мнемонички средства: кој пее-тој и памти. Од нашата од Бушава азбука, преку хрватската, турската, една од малезиските и етиопските, до хард-кор верзија на грчката, сигурни сме дека ова е забавен начин да се чујат, а можеби и научат туѓите азбуки, дури и ако не сте деца.