Bookbox

Шармантните лаги на Минхаузен

Официјалниот ден на лагата, шегата, подбивот и ставањето маски, кој оваа година случајно се поклопува со изборите, во литературата прв пат се спомнува во „Кентерберијските приказни" на Чосер од 14. век. Но кога е во прашање лажењето, на еден книжевен лик му нема конкуренција. Да, на Минхаузен.

Прво нецензурирано издание на песните на Д. Х. Лоренс

„Љубовникот на лејди Четерли" не е единственото дело на овој автор кое доживеало цензура долга повеќе од три децении. На 30 април ќе излезе збирка од 31 до сега необјавени песни, и тоа во ново двотомно, критичко издание, под наслов „Сите ние".

Амазон го купи „Гудридс"

Сајт за споделување, дискутирање и препорaчување книги со речиси 20 милиони посети месечно не можеше да остане незабележан од големите играчи во сферата на издавањето и продажбата на овој производ. За добро или за лошо, ќе видиме.

Том Стопард пишува радио драма за Пинк Флојд

„Темната страна на месечината" од 1973 помина 741 недела на топ-листите и стана еден од најпродаваните албуми на сите времиња. Сега славниот драматург го одбележува неговиот јубилеј.

Сите д’ткања на Вуди Ален

На секој од нас му се има случено да му се сплетка јазикот, да се збуни, или да мора демек да се накашла за да добие во време дур смисли што да каже. Како утеха за сите тие моменти кога ни било глупо - Вуди Ален тоа го прави ама постојано.

Врската помеѓу новинарството и поезијата

Дикенс, Хемингвеј, Марк Твен - во историјата на книжевноста чест е случајот славни писатели да живееле од новинарство. Но врската помеѓу новинарството и пишувањето поезија е поспецифична. Еве зошто.

Претстава која трае цел ден

На меѓународниот ден на штиците што живот значат, ви поставуваме едно хипотетичко прашање - дали би издржале претстава од 24 часа?

 

Во потрага по загубената храна

Личните сведоштва одамна се препознаени како значаен алтернативен извор на традиционалната историја. Притоа не е интересен само методот, туку и темите. На пример лични сведоштва за храната во Њујорк во раниот 20-ти век.

Кога филозофијата е „ин“

Оваа недела стотина филозофи ќе пристигнат во Сан Франциско на 87-миот годишен собир на Американското филозофско здружение. Но новинарите нема да го покриваат симпозиумот за епистемологија на модалноста, или оној за семантиката на пежоративите. Јасно е: филозофијата не е вест. Но една нејзина поддисциплина полека станува тоа.

Неснимениот филм на Кјубрик за џезот во Третиот рајх

За џезот за време на Втората светска војна, и начините на кои успеал да преживее, веќе пишувавме. За истава тема се интересирал и Кјубрик, кој сакал да сними филм за еден офицер на Луфтвафе, љубител на свинг, кој пишувал за музичките сцени во окупираните градови под псевдонимот д-р Џез.

„Преџвакан" Коелјо

Можеби затоа што му завидуваат, а најверојатно затоа што навистина знае да биде лигав, Коелјо им е омилена тема за подбишега на книжевните рубрики. Џон Крејс од Гардијан ја раскажува неговата нова книга, „Ракописот пронајден во Акра" со малку, ама одбрани зборови.

„Лебдечки светови" - изложба посветена на облаците во уметноста

До Виена стигнавме низ облаците. Син ми, прв пат во авион, возбудено ги гледаше, споредувајќи ги со шеќерна волна или пена за коса. Тие нè следеа цела недела, а првиот момент кога попуштија и низ нив ѕирна сонцето беше - кога отидовме да ги видиме на изложба!

Дали гледањето спорт е „виновно задоволство"?

Во повеќе наврати сме промовирале соработка со спортската рубрика на сајтов. Еве уште еден повод: двајца писатели. нобеловецот Џ. М. Куци и славниот Пол Остер, преку писма дискутираат за сопствената опсесија, да гледаат спортски натпревари, и да се чувствуваат виновно што си го губат времето.

Латинскиот не е мртов!

Кога светските телевизиски станици го пренесуваа изборот и инаугурацијата на новиот папа, главни фраер(к)и беа оние кои знаат латински. Освен во вакви моменти, овој јазик се води како „мртов", како некорисен и неупотреблив. Но дали е навистина така?

Смешни библиотечни видеа

Библиотеките се инспиративни „топоси" за иронизирање, пародизирање и лоцирање на дејства во филмови и реклами. Еве неколку такви примери, кои вклучуваат и ретро промотивни видеа за библиотекарската професија, и за една од најголемите библиотеки во светот.

Вердист или Вагнерист?

Teoријата вели дека ако повеќе ги сакате Битлси од Ролинг Стоунси, веројатно повеќе ќе го сакате Астерикс од Алан Форд, и мачки од кучиња. Но ајде да го прошириме „тестот" - што ни кажува тоа дали некој повеќе го сака Вагнер или Верди, мрачниот и апокалиптичен Тевтон, наспроти лиричниот и бомбастичен медитеранец?

Со Северина против душегрижниците

Томаж Пандур (1963), кој се прослави со претставата „Шехерезада" (гостуваше и на МОТ), кој на 26 години стана директор на Словенско народно гледалишче и од Марибор направи театарска Мека, и чии претстави играат низ целиот свет, сега се фати во костец со нов предизвик: осмислување на турнејата на - Северина!

Папите во поп-културата

Џереми Ајронс, Ринго Стар, Бенетон и едно зајаче - неколку интересни претставувања на папите во современата култура.

Како се извинува „Монти Пајтон“

Eдно од извинувањата кои Пајтоновци им го упатуваат на оние на кои најмногу им имаат грешено - на политичарите.

Неговото величество аплаузот

На снимките од настапите на политичарите, зад нив постојано има луѓе кои им ракоплескаат - колку што нивниот аплауз е поентузијастичен, толку пораката делува поубедливо. Ритмичното удирање со дланките од древни времиња му дава моќ на оној кому му е упатено. Работите стојат сосема исто и денес.

Познати книжевни пророштва

Денес (15. март) е ден кога, како што се вели, треба да бидете внимателни, да не завршите како Цезар, кој откако не ги послушал предупредувањата да се „чува од мартовските иди" завршил со 23 убода. Или така барем Шекспир го замислува неговиот крај.

Кога класиката станува поп

Валентина Лисицjа е родена во Киев. Почнала да свири пијано на 3-годишна возраст, а сега има 43. Според стандардите на кариерата на повеќето изведувачи на класична музика таа одамна требало да биде „мртва", со оглед на тоа што со познатите музички натпревари се започнува на 16, а се завршува на 29. Но она што ја направило разликата во нејзиниот случај е - интернет.

Книги кои никому не му се потребни

Во галеријата Art In General во Њујорк во тек е изложба на книги кои никогаш не биле позајмени од библиотеката на Центарот за фикција, невладина организација во САД која е посветена на промовирањето на белетристиката.

Поетски настроен Твитер

На многумина ова ништо нема да им значи, но Твитер се поднови со една навидум проста, но до сега непостоечка опција - нови редови!