10-минутен „професионален водич" за оние кои сакале да работат во библиотека во 1947. Тогаш имало потреба од „илјадници обучени библиотекари".
Реклама за Пепси со Мајкл Џ. Фокс во која тој ја вознемирува читалната со гласно подголтнување и арогантно однесување, какво секако не охрабруваме во ниту една, па ни во оваа јавна институција.
„Авантурите на специјалниот библиотекар" е „редок увид во работниот ден на еден библиотекар од 1964", со еден чуден Човек во црно, чие тајно оружје е портабл фотокопир.
Стиви Никс (Флитвуд Мек) чита нејзина поезија во библиотека промовирајќи го својот албум од 1989.
Цепки аеробик за библиотекари, кои главно седат цел ден на пулт. Ова може и сами да го пробате: напредно хоризонтално тегнење фиоки.
Библиотекарката како учена и искусна интелектуалка и домаќинка, со која можете да се советувате и за - пелени. Ретро реклама за Памперс.
Cookie Monster од „Улицата Сезам" во посета на библиотека, каде бара книги И колачи.
„Националната читална" на САД, или запознајте ја Конгресната библиотека во Вашингтон.
Weird Al, и сцената со Конан библиотекарот од филмот УХФ од 1989.