Прочка

Како се извинува „Монти Пајтон“

Eдно од извинувањата кои Пајтоновци им го упатуваат на оние на кои најмногу им имаат грешено - на политичарите.

„Би сакале да се извиниме за начинот на кој политичарите се претставени во оваа програма. Никогаш не ни било намера да тврдиме дека тие се слабаци, политички конформисти, кои повеќе се грижат за своите лични одмазди и борби за моќ отколку за проблемите на раководењето, ниту пак сме сакале во било кој момент да сугерираме дека тие го жртвуваат нивниот кредибилитет со тоа што спречуваат слободна дебата за витални прашања, преку создавање погрешен впечаток дека партискиот сојуз е поважен од благосостојбата на луѓето кои тие наводно ги претставуваат, ниту пак дека се ласкавци кои дрндаат без грам загриженост за најважните социјални проблеми на денешнината. Немаме ни намера да им сугерираме на гледачите дека нив треба да ги сметаат за иритантни самодоволни чирестовидни напасти, со влакнести нозе и прекумерна зависност од алкохол и од одредени експлицитни сексуални практики, кои некои луѓе можат да ги сметаат за навредливи. 

Се извинуваме доколку добивте таков впечаток."

17 март 2013 - 10:56