Bookbox

Книга за газда на хотел кој со години „ѕиркал" во собите на гостите

Наводно вистинската приказна за сопственик на хотел, кој водел детални белешки за она што го гледал низ отворите на собите, предизвика скандал во САД. Но дури и да не е документарна, таа е вознемирувачка. Затоа што го буди воајерот во секој од нас.

„Тешко е да се биде човек, но уште потешко да не се биде"

Селимовиќ го нарекува тоа да се биде човек „подвиг“ - јунаштво е да живееш знаејќи дека животот е апсурден. И да оставиш трага позади себе, на добро, а не на зло.

Историја на уморот

Само што сте станале а веќе се чувствувате изнемоштено? Сите околу вас делуваат ко папсани, без елан, ментално и физички стресени? Не го обвинувајте „современото темпо на живот". Уморот е со нас откако постоиме како вид.

За „Чекајќи го Супермен", документарецот „што тера на размислување"

Во викенд изданието на Дневник, во колумна насловена „Документарец што тера на размислување", Влатко Ѓорчев препорачува филм за образованието во САД, кој „се гледа во еден здив", и кој го поставува образованието „како еден од клучните фактори за развој на општеството". Истиот го опишува како актуелен и релевантен за секоја држава, што значи и за нашата. Доволно елементи за филмот внимателно да се погледне.

Добредојдовте во ерата на заплетканост

Во последниве 400 години, од времето на научната револуција, како да помисливме дека можеме да го разбереме светот, откривајќи ги еден по еден сите негови закони. Но можеби тој не само што е почуден отколку што претпоставуваме, туку е почуден од она што воопшто можеме да претпоставиме.

Како Волтер стекнал големо богатство на лото

Човекот најпознат по изреката „Не се согласувам со она што го кажуваш, но до смрт ќе го бранам твоето право да го кажеш", за која да бил на Фејсбук веројатно два пати ќе размислел, си дозволувал ваква филозофска великодушност затоа што во еден период во животот на лесен начин - на лото - стекнал големо богатство. Сепак и за ова требало не толку среќа, колку интелигенција.

Книги доставени до домашна адреса за еден час

NearSt е нова платформа преку која лондончани можат да нарачуваат наслови од локалните книжарници и да ги добијат на домашна адреса. Предноста во однос на другите начини кои стојат на располагање - се помагаат локалните независни книжарници, и работата се завршува за еден час.

Насловите на Офф.нет како предмет на лингвистичка анализа

Кога разбравме дека на лингвистички собир бил презентиран труд кој анализира наслови од нашиов сајт ни дојде ептен мило - после години мозгање околу скриената моќ на нашите текстови од страна на аматери, конечно својот суд донела и науката. А тој гласи: Офф.нет се уникатни и креативни. 

Роман на Садам Хусеин во стилот на „Игра на тронови" ќе се преведува на англиски

Не сме баш сигурни околу споредбата со GoT, но во книгата на Хусеин дефинитивно има некакви племиња и некакви политички интриги. За останатото, ќе мора да се прочита.

Mитот за креативното лудило на Ван Гог

Не дека славниот сликар немал психички проблеми, но тие не само што не биле извор на креација, туку му ја оневозможувале работата на подолги периоди. Нова изложба во неговиот музеј во Амстердам се обидува да прикаже една пореална слика наспроти онаа романтичната, според која за уметноста е к'смет да си луд.

Најдолгото дело за пијано кое некогаш било изведено

На 1 декември 1930 англискиот самоук композитор со индиско потекло Каикосру Сорабџи настапил на сцената на Стивенсон хол во Глазгов, за да изведе едно од неговите дела. Четири и пол часа подоцна, се онесвестил по големото финале.

Majкрософт ја напиша „Војна и мир" на ДНК

Во 2013 пренесовме вест дека научниците од Кембриџ успеале да ги сместат сите 154 сонети на Шекспир во човечка ДНК, за да го демонстрираат огромниот потенцијал на генетско складирање. Сега истото, само со „Војна и мир" го направиле од Мајкрософт.

Koдот на бестселерите: зборовите кои продаваат книги

Добрата вест е што е откриена формула за пишување успешни романи. Лошата вест е што со нивна комбинација сепак не може да се напише цела книга.

Како настанал „Прустовиот прашалник“?

Почнало како тинејџерска забава во високите кругови во Франција, во кои кружеле „лексикони“ со навидум банални прашања. Денес е чест од некого да се побара да одговара на истите oние на кои некогаш одговарал 14-годишниот Марсел Пруст.

Професорот од Харвард што пукаше во најмоќниот светски банкар

Во јули 1915 еден вооружен човек влегол во резиденцијата на најмоќниот њујоршки банкар Џ. П. Морган, синот на финансискиот гигант со истото име, и пукал во него. Медиумите го опишале како луд, но неговата порака всушност држела вода.

Најпознатите места на светот сликани од „погрешен" агол

Летово ќе бидат исликани милиони фотографии, ќе бидат снимени исто толку видеа, и сите тие повеќе или помалку ќе личат едни на други, особено оние од најпознатите туристички атракции. Ајфел си е Ајфел колку пати и да го сликаш. Колосеумот си е Колосеум. А можеби и не е?

Првиот еротски роман инспириран од Брегзит

Вистината е дека не сме баш сигурни околу жанровското одредување на книгава. Причина: таа ја опишува страсната врска помеѓу еден.маж и „огромна монета", британска фунта која има чувства. Со нетрпение очекуваме вакво еротско дело инспирирано од стопирањето на ИПА фондовите.

Нереализираните проекти на Мајкл Чимино

Вчера 3.07. медиумите ја пренесоа веста дека на 77 години починал славниот режисер на „Ловец на елени" и „Сицилијанецот". Во текот на кариерата имал големи подеми и катастрофални падови. Но она што остава впечаток е и списокот на негови замислени, понекогаш и почнати, но никогаш нереализирани дела.

Што значи тоа „самец"?

Во Битола наводно има(ло) израз со кој се одредува статусот на возрасен маж - ако е „војнет", то ест бил во војска и е женет, значи има завршено голем дел од животните обврски. Но што е со оние мажи и жени кои не се во брак, и кои остануваат такви цел живот? 

Кога музиката служи за мачење

Звукот може да биде силно оружје, како на протестни маршеви или активистички собири, кога служи за промоција на некоја благородна идеја и за сплотување. Но што е со онаа музика која се користи за тортура?

Кои се најефикасните јазици на светот?

Сте дошле во ситуација да сакате да преведете нешто на македонски, и да ви се потребни многу повеќе зборови отколку во англискиот? Не е ни добро, ни лошо, туку едноставен лингвистички факт - некои јазици бараат повеќе детали за да формираат нешто што изгледа како заокружена реченица

Како економистите си ги изоставија мајките од сопствените теории

Додека славните теоретичари на економијата замислено гледале низ прозорецот развивајќи апстрактни теории за вредноста на трудот, некој морал да им ја зготви вечерата, и да им ја принесе покрај работната маса. Taка, тие останале при очи слепи за улогата на нивните мајки, жени и сестри во глобалната економија.

Премиерот на Канада во стрип на Марвел

Џастин Трудо се занимавал со разни работи во животот - боксувал, држел обуки за скокање банџи, има неверојатни јога вештини. Плус е млад и симпатичен. И, да, премиер. Доволно елементи за да се најде во стрип на Марвел.