Bookbox

Вештачки направена планина на која се засадени 11.000 дрвја

Во 1982, унгарско-американската уметница Агнес Денеш одлучила да конструира цела планина и да ја пошуми. По една деценија лобирање, замислата фатила корен. Во 1992 година, финската влада соопштила дека ќе го спонзорира проектот „Планина од дрвја“, 38-метарски рид конструиран врз поранешен ископ за чакал. Денес контурите на шумата се веќе видливи.

Прва фигура на супер-хероина посветена на библиотекарка

Библиотекарството е потценета професија, и за жал и кај нас, а и во голем дел од светот, се сфаќа како административна услуга на подавање книга од зад пултот и наплаќање казна ако не ја вратиш на време. Но има библиотекари кои се обидуваат да покажат дека во време на висока технологија која полека навлегува и во оваа област, библиотекарот е сепак незаменлив. Сега една од нив доби и супер-херојска фигура.

Зошто „лошите“ во цртаните зборуваат со странски акцент?

Телевизијата, филмовите и сериите се значаен извор на културолошки пораки за децата. Ако злите или пародизираните ликови во нивните омилени емисии зборуваат со странски акцент, дали тоа може да има импликации поврзани со начинот на кои тие го разбираат „другиот“? 

12 правила за живот: антидот на хаосот

Kaко во свет во кој секојдневно се соочуваме со стресови да си помогнеме самите на себе, внесувајќи ред барем во нашиот внатрешен атар? Прво, колку и да звучи банално, со тоа што ќе се научиме да се држиме исправено - вели познат канадски психолог.

Книгата од 1968 што се обидела да ја предвиди 2018

Во мај 1968 во хотелот Хилтон на Менхетен илјада „лидери и идни лидери“ биле поканети на конференција организирана од Асоцијацијата за надворешна политика (FPA). По повод својата 50-годишнина, таа организирала тридневен собир на експерти, и од нив побарала да дадат свои предвидувања за следните педесет години. По конференцијата излегла и книга, под наслов „Кон годината 2018“.

Нетфликс или проблемот на уметноста како „содржина“

Да речеме дека тука би можеле да кликнете на опција која ќе ве поштеди од читање на воведов. И тоа во случајов нема да биде страшно. Но прескокнувањето на најавни и одјавни шпици во филмови и серии значи не само непочитување на трудот на куп луѓе кои се измачиле тие да бидат интегрални делови од доживувањето, туку и третирање на уметноста како потрошувачка „содржина“ која треба да се проголта што побргу и поефикасно. 

Како генијалниот Исак Њутн загубил огромни пари на берза во 18 век

Вистинитата приказна за Њутн како неуспешен берзански инвеститор обично се користи за да се илустрира ирационалноста на економските одлуки и влијанието на толпата. Ако Њутн не можел да им одолее, што ни останува нам, на обичните?

Заборавената Њујорчанка која ја променила музичката сцена на 80-тите

Кога дечките од Њу Ордер пристигнале во Њујорк за нивните први американски свирки во 1980, биле пречекани од букинг агент, дилер, туристички водич и личен готвач во едно. И тоа олицетворени во ликот и делото на една девојка.

Koнгресната библиотека се откажа од архивирање на сите твитови

За да покажат дека се во чекор со новото време, институции задолжени за архивирање на човечкото знаење релативно бргу реагираа на нив како на скапоцен извор на материјал. Една од најголемите од нив сега се пишмани. 

Зошто Норвешка е најдобрата земја за писатели?

Гарантиран откуп на 1000 копии. Месечен приход до пензија, или барем неколкугодишна стипендија. Потенцијална читателска публика која е 100% писмена. Да си норвешки писател, Господ да те види.

Корисен список новогодишни ветувања

Дали може список кој содржи ставки од типот „менувај чорапи“ да биде водилка за Новата? Може, особено ако тоа е комбинирано со „читај добри книги“ и „одржувај ја машината на надежта“. И ако е напишан од Вуди Гатри. 

Песна за испраќање на 2017

Не се вадете на Дедо мраз - најважните подароци треба да си ги дадеме меѓусебно. 

2018 и понатаму: како ќе се развива музиката во иднина?

Иако она што секој од нас го подразбира под „добра“ музика веројатно нема да се смени, технологијата ќе направи (како што веќе прави) да се сменат многу работи околу она „музика“. Еве неколку од начините на кои ќе треба да се навикнеме. Или не.

Kуро крај нема: графитот што го шокираше Њујорк

Лоуер ист сајд на Менхетен е познат по живописната уметничка сцена која изнедрила уметници како Баскијат или Пати Смит, и своите жители со слободарски дух. Е, ама и за нив има граници.

Tрамп почна да забранува зборови?

Диверзитет, наука, доказ...Ова се само неколку примери на зборови кои се препорачува да не се користат во апликациите ако сакате да бидете финансирани од државата во областа на - да! - науката во 2018 во САД. 

Нова дигитализирана архива на Габриел Гарсија Маркес

Универзитетот на Тексас во Остин дигитализираше повеќе од 27.000 документи од збирката на славниот автор, овозможувајќи нов поглед кон неговиот магичен реализам. 

Северно-американски Индијанец може да стане католички светец

Кој знае како би реагирале генералот Кастер и неговите војници - голем број од нив католици - кога би знаеле дека човек кој стрелал кон нив во битката кај Литл Бигхорн сега може да биде прогласен за светец. Тој пак имал многу поголеми амбиции: спој на сите земски нешта во едно. 

Како се вика „оргазам“ на 27 јазици?

Објавен во списанието Metaphor and Symbol, текст под овој наслов истражува како се концептуализира сексуалниот оргазам во повеќе различни култури, притоа обидувајќи се да понуди идеален когнитивен модел за сексуалната желба - нешто помеѓу доаѓање и заминување, многу живот и малку смрт.

Подарување: добра мисла или желба за моќ?

Едни велат дека празниците се убав повод за макар и мало внимание кон блиските. Други ја одбегнуваат оваа пасивно-агресивно наметната обврска клеветејќи го конзумеризмот, но и манипулативната страна на подарувањето. Има ли великодушноста и мрачна страна? И ако да, тогаш како да подаруваш несебично?

Најдобрите документарци во 2017

Без оглед дали раскажуваа мали, лични приказни или се обидуваа да ги пронајдат големите вистини во вревата од куп лаги, документарците изминатава година беа бројни и значајни алатки во бесконечната борба за малку реалност во светот на фикции. Еве некои кои според критиката и гледачите беа најдобри.

Георги Господинов: „Стравот е основната причина за пишување“

Нема помодерна технологија од литературата. Онаму каде што технологијата сè уште се обидува да стигне, литературата веќе била! Сè што се случува и треба да се случи, веќе е опишано во литературата, вели бугарскиот писател со господско презиме, и ист таков ракопис.

Советскиот научник кој е одговорен за смртта на милиони луѓе повторно популарен во Русија

Се смета дека Трофим Лисенко убил повеќе луѓе отколку кој и да е друг поединечен научник во историјата. А не дека немало јаки „убијци“, во вид на пронаоѓачи на динамит, отровен гас, атомски бомби. Сепак, сите тие можат вода да му носат на овој биолог.

Најдобри научно-популарни книги во 2017

Без стручен сленг и технички детали, напишани во стил кој граничи со книжевност, овие книги изминатата година помогнаа да се отворат нови хоризонти во разбирањето на најсложените и најапстрактни концепти, од гравитациски бранови до отпорност на антибиотици.