Покрај тоа што содржи бројни интерактивни изложби поврзани со главната тема, Канабишн е исто така дом на најголемиот бонг на светот, направен од Џером Бејкер Дизајнс, кој е целосно функционален.
Секоја од 12-те простории во музејот раскажува различна приказна за билката канабис, овозможувајќи им на посетителите да се запознаат со историјата на одгледувањето, но и со целиот процес на одгледување, берење и сушење.
Изложена е и билка висока повеќе од два метри со „пупки за гушкање“ кои посетителите можат вистински да ги гушкаат. Последната просторија е тн. „обредна соба“, во која засега не може да се дува бидејќи јавната употреба е се уште незаконска, но може да се направи селфи со лажен а огромен џојнт.
Според основачот Џеј-џеј Вокер, целта на шоуто е дестигматизирање на употребата на марихуана, а отварањето се случува 15 месеци откако тревата стана легална за возрасни во Невада, за рекреативна употреба. До сега продажбата далеку ги надминува очекувањата.