Bookbox

Дебитантскиот роман на Шон Пен е многу лош

„Писателот Пен мора да биде сопрен“. „Дебитантската книга на Пен - одбивна и глупа“. Вака гласат критиките на Bob Honey Who Just Do Stuff, првиот роман на славниот актер, со кратка кариера на меѓународен репортер и екс-маж на Мадона.

Трилер-приказна за билката која домородните Индијанци ја користеле пред кафето и чајот

Знаеме за црн, зелен и бел чај, направен од листовите на Камелиа синенсис. Па за црвен, од африканска грмушка. Па за ерба мате, од Јужна Америка. Но до сега немавме чуено за касина - црниот пијалок на домородните американски Индијанци. Неговата историја и употреба сега се актуелизира.

Човекот кој го слика океанот, во океанот

Голем број уметници низ историјата биле инспирирани од морињата и океаните. Но методот на Питер Метјуз е малку поинаков - тој остава океанот да ја заврши работата место него.

Претстава според 20 песни на Дилан

„Големиот успех на лондонската поставка на Девојката од северот, мјузиклот на Конор МекФерсон базиран на песните на Дилан, е во неговата способност, како и онаа на неговиот музички супервизор Сајмон Хејл, да пронајдат нијанси на значења во песните кои веројатно би го изненадиле и самиот Дилан.“

Сеирот како бизнис

Знаете онакви видеа каде некој, како во старине слепстик комедии, се лизнува на кора од банана и се праи парче, а вие не можете а да не се насмеете? Нешто што е толку длабоко вградено во нас - склоноста да се ситиме на туѓата мака - изгледа нема ни географски, ни историски ограничувања. Подобро за бизнис, здравје. 

Една од најзначајните мислителки на 20 век била бугарски шпион?

Името на Јулија Кристева им е познато на книжевните теоретичари, критичари, психоаналитичари и феминисти. Бугарско-француски филозоф, таа уште од 1960-тите живее и работи во Франција. Неодамна излезе вест дека била соработник на бугарските тајни служби.

Oтворен музеј на баклавата во Турција

Ова може да изгледа како наивен обид за оттргнување на вниманието од позначајни теми. Но баклавата е културолошки многу побитна отколку што можеби изгледа на прв поглед, и освен слаткиот вкус го има и оној горчливиот, на политиката.

Скандалот со антиквитети што ја тресе Франција

Во текот на последните денови на стариот француски режим, заробен во тесна и мрачна ќелија на врвот на Бастиља, еден дерогиран аристократ го составил најбогохулниот роман на сите времиња. Но од непријател на француската држава, Маркиз де Сад прерасна во национално богатство во 2014, кога ролна хартија на која е напишана неговата „120 дена содома“ се продаде за 10 милиони долари. Сега истиот тој ракопис е во центарот на најголемиот скандал со антиквитети во земјата.

Tеатар во кој физичката попреченост се претвора во предност

Нова продукција на „Не јас“ на Семјуел Бекет се придружува на движење на актери и режисери кои се обидуваат нарушениот слух или хендикепираноста да ги направат дел од својата приказна.

Речник на отоманската еротика

Под „пусто турско“, а пред влијанието на западната хетеронормативност од доцниот 19 век, сексуалните обичаи биле многу поразлични и поживописни отколку што замислуваме. Пример за тоа е отоманската сексуалност.

Зошто толку многу научници сакаат да бидат режисери?

Изминатите пет години сајтот за наука Nautilus има објавувано бројни интервјуа со познати научници. Едно од прашањата кои се повторуваат во нив е што би сакале тие да бидат доколку не би биле научници. Иако има и пооткачени одговори, голем број од нив, од невронаучници, преку астрономи до физичари велат - режисери и уметници.

Документарец за свадби без невеста и зет

Прекрасна можност за оние кои не можат да се одлучат да рипнат во тавче заради стресот од целата церемонија. Има и начин да стапиш во брак без воопшто да бидеш присутен на сопствената свадба. Додуше во моментов не и кај нас.

Нова книга на Изабела Роселини, за нејзините кокошки

Во „Моите кокошки и јас“ славната актерка ја комбинира својата љубов кон пердувестите животни и искуството во филмскиот и уметничкиот свет, во кој овој пат ѕвезди се кокошките.

Приказната за кралицата на билијардот

Еден јануарски ден во 1938, слабичка жена со големи очи по име Рут МекГинис влегла во Аркадија, салон за билијард во Вашингтон, каде шестмина од најпознатите играчи во регионот чекале да играат со неа. Таа ги напудрила рацете, одбрала штека, и почнала еден по еден да ги елминира присутните мажи.

Добра финта на шпански издавачи: како да објавиш книга кога таа е забранета?

Витезот од Ла Манча се бореше против ветерници. А Здружението на книжари на Мадрид сега го користи 400 години старото дело на Сервантес за да го надмудри шпанскиот судски систем.

Асиметријата ги спојува економистите, физичарите и уметниците

Во Франција оваа недела се одржува првиот Европски симпозиум за асиметрија. Неговата мултидисциплинарна програма покрива широк опсег теми, од глувчешки зиготи и пазарни економии, до јапонска уметност и невронаука. 

Ричард Докинс ќе овозможи бесплатно симнување на негови книги во исламски земји

Книгите ќе се делат бесплатно во електронска верзија, во нови преводи на арапски, урду, фарски и индонезиски, како поддршка на авторот на наводното вртење кон атеизам во некои исламски држави.

„Исправете се!“: кратка историја на одењето со крената глава

Сандер Л. Гилман е американски историчар, со над 90 објавени книги. Една од темите кои го интересираат се поврзаноста на медицината со историјата, како и со политичките и општествените случувања. Неговата нова книга се однесува на значењето на исправеното одење во западната историја.

Џон Оливер објави своја верзија на сликовница на Пенс

Две сликовници, во сосема ист формат и за иста целна група, едната напишана од ќерката и жената на потпретседателот на САД, а другата од Џон Оливер. Што ли би можела да биде разликата?

Збогум на ерата на информации - сега е поважна репутацијата

Глорија Ориџи е италијански филозоф и авторка на нова книга под наслов „Репутација: што е таа и зошто е важна“. Во неа таа ја трасира промената од „информатичко доба“ во „доба на репутација“, во кое информацијата има вредност само ако претходно е филтрирана, проценета и коментирана од други.

Музеј во Париз ќе дозволи голи посетители за Денот на нудизмот

Ако во мај ве води патот накај Париз, и ако случајно по пат ви се загуби куферот, тоа ќе ви дојде таман за да посетите изложба на која услов е да не бидете облечени. Ако успеете да најдете карта.

Мадона ќе режира филм за военото сираче кое стана славна балерина

За Микела Де Принс животот не бил лесен. Уште на 4-годишна возраст се соочила со војна, останала без родители, а роднините ја дале во сиропиталиште затоа што имала кожна болест витилиго. Денес е позната балерина чија приказна инспирира. Наскоро таа ќе биде и филмувана.