Тестови кои се дизајнирани така за да разликуваат човек и машина не се нови. Всушност, токму тоа е основата на тн. тест на Туринг, замислен од пионерот во областа на компјутерските науки, Алан Туринг, во 1950-тите.
Но денес, во 2018, машините се многу попаметни, и идејата дека тие можат да мислат веќе не звучи толку лудо како пред 70 години. Оттаму не е необично што прашањето за тоа што ги разликува луѓето од машините не само што сè уште е актуелно, туку добива и нови димензии.
Во новиот број на научното Списание за експериментална социјална психологија (Journal of Experimental Social Psychology) е опишан тест кој додуша нема за цел да претставува алатка за разликување човек-машина, туку за подобро да разбере како луѓето ги перцепираат и доживуваат машините.
Статијата е на двајца истражувачи од MIT, одделот за истражувања на мозок и когнитивни науки. Во нова верзија на веќе познатиот тест, тие од 1.089 учесници побарале да кажат еден единствен збор за кој сметаат дека доколку би биле ставени пред судија кој не може физички да ги види, би го докажал нивниот човечки идентитет. Така биле добиени 428 зборови (некои се повторувале).
Најчесто користен збор за докажување на човечноста на оваа група, во 14% од случаите, бил зборот „љубов“. И останатите зборови со висока фрекфенција се однесувале на емоции, сочувство, религија.
Во втора фаза од студијата, од друга група учесници (2.405 на број) било барано да бидат „судии“ и да одредат кои од погоре споменатите 428 зборови се од луѓе а кои од машини, без притоа да им се каже дека сите се всушност од луѓе.
И тука е најинтересниот момент. Зборот за кој повеќето испитаници од втората група го одбрале како најчовечки бил - „какање“ (poop)!
„Тоа дека табу збор е најбираниот, сите нè изненади“, изјавил главниот истражувач. „Немаше да се обложам на вакво нешто претходно“.
Значи, ако некогаш во иднина бидете ставени во морбидна ситуација на „докажи дека си човек или умри“, и смеете да одберете само еден збор, изберете нешто телесно, валкано и смрдливо. И нема да згрешите.
За волја на вистината poop на англиски може да има и разни други значења. Може да е дел од брод, да означува голем умор или гласина. Но интересно е што добивме како единствено значење кога го ставивме во англиско-македонски преведувач: