Како што пишувавме претходно изборот на песните во постхумно објавената книга е направен од самиот Коен, а таа била комплетирана само неколку денови пред неговата смрт на 7 ноември 2016. Насловот е преземен од песната You Want it Darker, насловната од неговиот финален студиски албум, издаден 19 денови пред смртта.
Во интервју за Гардијан, неговиот син Адам Коен вели дека татко му постојано се обидувал да ја зачува магијата на процесот на пишување, и до последниот здив го правел тоа со „монашка дисциплина“. Како мал тој наоѓал белешки oд татко му насекаде, вклучително и заборавени тетратки во замрзнувачот. Со оглед на тоа што во последните години имал леукемија, Коен знаел дека ова е неговата последна книга, и работел на неа деноноќно, праќајќи автоматски одговори со „не вознемирувај“ на електронските пораки на пријателите и семејството.
Иако омилен поет на Коен му бил Лорка, по кого е крстена и неговата ќерка, тој знаел наизуст да ги рецитира Бајрон, Шекспир и Светото писмо, а Адам го опишува неговиот стил како „миторомантичен“. Иако никогаш не сфатил како успеала да го излаже неговата менаџерка која го крадела со децении, можел „од око“ да погоди дали и каде фолира некој поет.
„Пламенот“ е поделена во три дела и содржи 63 песни, некои до сега неиздадени, други содржани на последните три албуми. Дел се белешки одбрани од над 3000 страници рачно пишуван материјал во тек на 60 години, вклучително и една напишана на денот кога починал. Преписка со пријател покажува дека дури и онлајн кореспонденцијата му била во рима. Сето ова е илустрирано со кроки цртежи на Коен, главно автопортрети, но и музички инструменти и разголени жени. Дури и кога телото му откажувало, пламенот на либидот на Коен се уште горел.
Еве една од песните, како „тизер“ за книгата - „Се молам за храброст“, во која Коен се надева дека на крај смртта ќе ја дочека како пријателка.
I Pray for Courage
I pray for courage
Now I’m old
To greet the sickness
And the cold
I pray for courage
In the night
To bear the burden
Make it light
I pray for courage
In the time
When suffering comes and
Starts to climb
I pray for courage
At the end
To see death coming
As a friend
Уште две песни од новата книга тука