Стрикленд е професор по физика и астрономија на Универзитетот Ватерло и поранешен претседател на Здружение за оптика, но кога некој корисник на Википедија се обидел да создаде профил за неа пред неколку месеци, страницата била одбиена од модераторот.
„Референците за поднесокот не покажуваат дека темата се квалификува за статија на Википедија“, гласело образложението.
Веднаш по соопштението од вторникот заедницата на Википедија побрзала да ѝ направи профил, комплетирајќи ги деловите поврзани со нејзините истражувања, биографија и - најважно - нејзините награди.
Ова задоцнето признание не важи и за нејзиниот колега Жерар Муру, со кого таа ја подели наградата, кој има страница на Википедија од 2005.
Стрикленд го доби високото признание, заедно со Муру и Артур Ашкин, за нејзината работа од областа на ласерската физика. Таа е прва жена која ја има добиено наградата по Марија Гоперт-Мајер во 1963. Прва жена која добила Нобел воопшто била Марија Кири во 1903.
Нобеловиот комитет е постојано критикуван во врска со големиот број мажи на списокот. На пример минатата година сите добитници, во сите категории, беа мажи. Во текот на 117 години, само 50 жени добиле Нобел во некоја област, од можните 923 награди.
Додуша и некои домашни (машки) физичари немаа никогаш слушнато за неа. Нивниот коментар: „Сигурно ја ставиле колку да има женско“.
Шта речи?