Научи анатомија со Џејмс Бонд 007

Во сцена од „Утрешнината никогаш не умира“, двојната агентка Ваи Лин го закачува Бонд за туш со лисици и го остава таму. И додека во оваа сцена поголемиот број луѓе гледаат еротски момент на доминација на жена врз моќен маж, други гледаат можност за изучување анатомија.

Криота Вилберг, физитерапевтка во центарот за лекување рак Меморијал Слоан Кетеринг и авторка на „Цртај посилно: самогрижа за цртажи и други визуелни уметници“, која е голема обожавателка на ликот и делото на 007, го користи овој фиктивен лик како модел за анатомски цртежи кои можат да им помогнат на студенти по медицина но и на сите кои сакаат да научат нешто повеќе за човечката анатомија. Плус, да учиш за градба на стерноклеитомастоидни мускули на модел на згоден маж не може да штети.

Притоа, анатомијата на Бонд се доведува во врска со мапата на анатомот од 18 век, Бернард Зигфрид Албинус, кој во 1749 ја создал Tabulae sceleti et musculorum corporis humani (СКелетен и мускулатурен приказ на човечкото тело), па некои од сцените во филмовите на Бонд нацртани од Вилберг делуваат како излезени токму од ова дело.

Вилберг била одбрана од Њујоршката медицинска академија како првиот резидентен уметник, заради начинот на кој таа ги истражува врските помеѓу науките за телото и уметничките практики. Нејзини претходни дела вклучуваат гоблен направен врз основа на рентгенска снимка на нејзиниот забен канал, како и книгата „Хефтање на времето!“, фиктивна сторија за средба помеѓу Аулус Корнелиус Целсус (25 п.н.е. - 50 н.е.) , автор на De Medicina и хирургот Алелиус Галенус (129-200 н.е.е) , кои заедно се обидуваат да спасат распрарчен гладијатор.

Извор

18 октомври 2018 - 07:58