Нова изложба во галеријата Барбикан во Лондон под наслов „Модерни парови“ претставува уметници и писатели кои биле истовремено и љубовници и креативни партнери. А понекогаш броеле повеќе од двајца.
Кога неодамна на сцената на уметничкиот центар Мос во Блексбург, Вирџинија, одекнале стиховите од операта на Верди „Магбет“ - „Умрените нема повторно да се кренат од гробовите“, иронијата не можела да биде поголема.
Вилијам Кингдон Клифорд не спаѓа во пантеонот на големите филозофи - можеби затоа што починал на само 33 години. Но иако живеел во 19 век, неговите идеи се пророчки за нашиот.
„Да ја очовечиме технологијата!“ е повик кој не е нов, но кој се наметнува со сè поголема итност. Во ваквиот проект хуманистичките науки можат многу да помогнат, но само доколку се земат сериозно, а не исклучиво како извор на „финти“ за зголемување на ефикасноста и добивање уште поголема моќ.
На сајтот The Red Hand Files обожавателите на Ник Кејв можат да постават прашање, а тој да одбере на кое ќе одговори. Во најнова таква преписка зборува за комуникацијата со духовите на оние кои ги сакаме.
Таман ќе помислите дека нема веќе нешто што не е кажано и напишано за некои од големите автори, кога ќе излезе дека имало уште сочни детали за нив. Кои покажуваат дека секој добар уметник мора да е и по малку чудак.
Веројатно сте го виделе на социјалните мрежи, како начин нешто (лажно) да се прикрие. Но и како ознака на иронија или презир. Стар знак кој добива нови значења.
Нов британски стрип под наслов Punks Not Dead (Панкот не е мртов) спојува навидум неспоиви нешта: панкери и баби. Поточно ликот и делото на мртвиот Вишс со една стогодишна тајна агентка, која се обидува да излезе на крај со неговиот дух.
Креаторите на серијата Чарли Брукер и Анабел Џоунс во „Инсајд Блек мирор“ откриваат куп занимливости од зад сцените на нашата омилена серија. Таа не случајно излезе вчера, ден по Халоуин, веројатно како знак за тоа од што навистина треба да се плашиме.
Акцијата се однесува на собирање пари за проектот „Слобода од тортура“ (Freedom from Torture), а она за што читателите наддаваат (и плаќаат) е да можат да именуваат лик во дело на некои од познатите писатели кои учествуваат во неа.
Oграничувањето на еден твит во моментов е 280 карактери. Но неодамна еден млад истражувач покажа дека е можно во него да се спакуваат комплетните дела на Шекспир. И тоа не во вербален твит, туку во слика со ептен мали димензии.
Следната година НАСА ќе прослави 50 години од слетувањето на месечината, а нејзината соработка со уметници кои би придонеле кон едно такво одбележување е веќе започната.
Кога на пазарот излегуваат нови производи и услуги, заедно со тоа понекогаш се случува промена на парадигмата, не само во смисла на состав, дизајн и рекламирање, туку и во јазикот кој се користи за да се зборува за нив.
Заборавете го есперантото и сличните обиди за создавање јазик кој ќе ги надмине лингвистичките бариери за разбирачка меѓу луѓето. Една иницијатива на музички педагог и композитор од 19 век, која во своето време не доживела широка популарност, е можеби трошката надеж која му недостасува на светот во моментов.
По форумите за класична и современа музика често пати се прават листи на најсложените нотни записи и најоткачените дела. Неколку од нив се повторуваат, но едно отскокнува по своето лудило.
„Уметноста исцелува“ е филозофијата зад нова иницијатива на Монтреалскиот музеј на убави уметности, со која на докторите ќе им се овозможи да препишат посета на музеј наместо апчиња.
Како се толкуваат и спроведуваат законите кај нас, можеби веќе има ваков курс за правна магија за кого не знаеме. Ама еден сигурно ќе биде наскоро воведен, во Индија.
Ги викавме „Дебелиот и слабиот“ а нивните неми филмови ни беа еднакво смешни како оние на Чарли Чаплин. И некако ни е необично што никој до сега не се сетил на вакво нешто - да ја раскаже приказната за ова дуо кое има инспирирано бројни генерации комичари.
По повод 20-годишнината од прекрасниот „Мезанин“, бендот го енкодираше албумот во нишки синтетичка ДНК. Еден спреј може да содржи околу еден милион копии.
Најпознат по бајките за деца, данскиот писател бил вешт и со ножицата - изработувал силуети од хартија. Сега дел од нив за прв пат се претставени на изложба во Бремен.