Синовите на Гарсија Маркес, Родриго и Гонзало, ќе бидат извршни продуценти на серијата направена според „100 години самотија“, која главно ќе се снима во Колумбија.
„Со децении татко ни беше скептичен околу продавањето на правата за овој роман, затоа што веруваше дека тој не може да се вклопи во временски рамки на игран филм, или дека доколку биде на друг јазик освен шпански дека тоа не би било соодветно“, изјавиле тие. „Но имајќи го предвид моменталното златно доба на сериите, веруваме дека ова е најисправниот момент за екранизација, за исклучително бројната публика која ја обезбедува Нетфликс“.
Да се потсетиме - „Сто години самотија“ зборува за чудесното гратче Макондо и неговата историја раскажана преку седум генерации припадници на семејството Буендија. Вклучува куп моменти на работ на реалноста или длабоко во магиското - деца родени со свински опавчиња, инцест и алхемичари. По првото објавување во 1967 таа е преведена на 37 јазици, продадена во над 30 милиони примероци и е вградена во канонот на најдобри книги на сите времиња на шпански.
Премиерата на серијата се очекува во 2020.