Во обид да останат релевантни во новото време, библиотеките прибегнуваат кон различни стратегии. Њујоршката доделува грантови за најиновативните предлози на своите вработени, меѓу кои - зајмење облека.
Антоан Риша (еден од можните изговори на неговото име) до сега се среќаваше само во фусноти на книги поврзани со Бетовен. Двајцата се здружиле како тинејџери кога свиреле во ист оркестар во Бон: Риша втора флејта, Бетовен виола. Но сега еден пијанист ја оживува неговата музика, која до сега не го добила заслуженото признание.
Земате ливче и во горниот дел цртате нешто. Потоа го виткате и го давате на следниот. Така додека ливчето не се исполни. На крај отварате и го гледате резултатот. Понекогаш тој е извонреден.
Германски наставник по музичко со благородни намери почнал да качува серија видеа кои содржеле дела на композитори умрени пред стотици години за да им послужат на неговите ученици. Но тие на алгоритмите на јутјуб им зазвучело некако фалш.
„Почнува со секс и завршува со насилство“, вели авторот Мајк Шанахан за животниот циклус на тн. смоквина оса. Неговата нова книга се однесува на историјата на смоквата, но таа не може да биде раскажана без онаа на спомнатиот инсект - еволутивниот партнер на ова дрво.
На 95 години почина српскиот академик и професор кој важеше за еден од најмудрите интелектуалци и мислители во регионов. А таа, мудроста, подразбира дека тој никогаш не се поставуваше како голем човек, иако беше токму тоа.
Во годината во која се слави 100-годишнината од раѓањето на еден од најхаризматичните промотори на музиката, Леонард Бернштајн, почнуваме серија интересни теми од областа на музиката, особено на класичната - помалку познати факти и аспекти кои можеби ќе придонесат за нејзино попродлабочено слушање.
„Од каде Малком Гладвел трендинг на Твитер? Мора нешто гадно да заебал.“ Вака ни течеа мислите додека пребарувавме што се случило. А сè што направил било - ја поддржал идејата Бенон да настапи на фестивал, кој е замислен како полигон за дискутирање идеи.
Иако огромната штета сè уште се проценува, она што со сигурност се знае е дека со пожарот кој изби во неделата навечер во Рио се уништени поголемиот дел од 2 милиони артефакти, и колективна меморија на цела нација.
Во 2015, на 100-годишнината од раѓањето на Орсон Велс, пишувавме за почеток на кампањата за довршување на неговиот филм, „Другата страна на ветрот“. Сега, на самиот почеток на овогодишниот филмски фестивал во Венеција, се случи неговата премиера.
Во јули ги повикавме основците кои и онака (би требало да) читаат лектири за време на летото, да ни раскажат една. Рокот за испраќање на текстовите беше до 1 септември. Вчера ја доделивме наградата.
Нова адаптација на приказна која има доживеано голем број верзии, и на хартија и на екран. Во оваа на ХБО главен лик е необична жена која се вика - Шерлок.
Нова книга ја раскажува приказната за Плени Винго, обичен Американец, кој како и голем број други негови сограѓани за време на Големата депресија морал да смисли креативен начин да заработи некој долар. Неговиот бил - да оди наназад.
„Новата академија“, основана откако доделувањето на Нобеловата за литература за оваа година беше откажано како резултат на сексуален скандал, ги објави своите финалисти.
Дебиси некогаш изјавил дека музиката е „тишина помеѓу нотите“. Но Роман Тиери се обидува таа тишина да не стане заглушувачка. Веќе десет години е во потрага по заборавени клавири покриени со прашина, кои ги минуваат своите последни денови во осама.
Рускиот режисер Иља Кржановски, Брајан Ино, Марина Абрамовиќ и Масив Атак ќе постават огромна уметничка инсталација - реплика на Берлинскиот ѕид, симулирајќи како изгледало да живееш обиколен од него.
Курдско-иранскиот писател Беруз Бочани во 2013 побарал азил во Австралија, но наместо тоа бил испратен во озлогласениот центар за имигранти на островот Манус. Последниве пет години пишувал книга, и тоа преку пораки кои ги испраќал преку сервисот Whatsapp.
Обраќањето на диригент пред концерт не е нешто необично. Но диригент да се огради од изведбата, пред да биде исвирена една единствена нота е незамисливо. Па сепак, тоа се случило, во Карнеги Хол, во 1962.
Не сме чуле за случај уредник во наша издавачка куќа да се осмелил да му чепне во делото на домашен автор. За разлика од ваквиот нежен однос, во други контексти копи-едиторот знае да биде и продуктивен, но и многу суров соработник. Каде е границата?
Откако 35 години работел во мртовечница, Јури Шчукин собрал морничава збирка на унакажани остатоци или цели тела на „грешници“, и формирал музеј, надевајќи се дека грозните глетки ќе превенираат посетителите да западнат во истите проблеми како и некогаш живите експонати.