„Џибонс“ - велшко-англиски термин за младо кромитче; „јат“, име на регионален дијалект од Њу Орлеанс (од поздравот Where y'at?); хиндиш за гаќи, „чадис“, сите овие и голем број други се испратени до редакцијата на Оксфордскиот речник како релевантни лексикографски кандидати, кои заслужуваат место во него поради нивната историја и популарноста на нивната употреба.
Меѓу оние кои сега влегуваат во него е шкотското „фантуш“ (fantoosh), кој датира од 1920-тите и се користи за опишување во пежоративна смисла на нешто пренападно или арогантно. Извадок од Скотс магазин од 1936, на пример, вели: „Нема да му ги мијам прозорците никому само затоа што мисли дека е фантуш“.
Читателите предложиле и куп навреди од шкотскиот, како „бам“ (bam, досаден, глуп човек) или „геги“, во смисла на „муцка“ (shut your geggie, затни си ја муцката).
Од индиско-британскиот внесен е изразот „бакни ми ги гаќите“ (kiss my chuddies), кој прв пат е искористен во британска хумористична серија, додека јужно-африканскиот англиски е проширен со вклучување на „доф“ (dof), со значење „недоволно информиран или будала“.
Оксфордскиот речник и понатаму ќе бара нови одредници за регионалниот речник, очигледно не плашејќи се од тоа дали англискиот ќе остане „чист“ од туѓи влијанија.