Таг: Оксфордски речник

Прв пат нема да има збор, туку куп зборови на годината

Оваа година нè остави без зборови - велат од Oксфордскиот речник на англискиот јазик, од каде (иронично) предлагаат цел список зборови кои би ни помогнале да го искажеме чувството на неискажливост од годината што изминува.

Контроверзи откако Оксфордскиот речник за прв пат вклучи нигериско-англиски зборови

Со најновото освежување на речникот во него се вклучени 29 зборови од секојдневниот нигериски говор, со што се признава „специфичниот придонес кон англискиот како глобален јазик“ на најнаселената држава во Африка. Но Нигеријците не се воодушевени.

Чадис, џибонс и фантуш: Оксфордскиот речник се збогати со регионални зборови

По повод 90-годишнината од излегување на првото издание, Оксфордскиот речник на англиски јазик минатата година почна кампања под наслов „Зборови онаму каде што сте“. Читатели од целиот свет беа повикани да испраќаат предлози, од кои голем број сега влегоа во речникот.

Не, „Стен“ на Еминем не влезе во Оксфордскиот речник

Неодамна медиумите, па и нашите, ја пренесоа веста дека термин кој потекнува од песна на Еминем „сега и официјално е внесен во ОР на англискиот јазик“. Но во ова има неколку проблеми.

Потрага по најнеомилениот англиски збор во светот

Оксфордските речници, познати по разно-разни акции за популаризација на англискиот јазик, овој пат одат со негативна кампања. И вие можете да гласате ако некој збор во англискиот баш ве нервира.

Конечно филм за психијатрискиот случај кој бил еден од креаторите на Оксфордскиот речник

По скоро дваесет години откако се купени правата за филмот, Гибсон и Пен ќе играат во „Професорот и лудакот“, за човек кој своите 10,000 лексикографски единици ги испраќал во Оксфордскиот речник од - психијатриска болница.

Оксфордскиот речник е мачо

Бура бесни реакции го принудија познатиот издавач да ги ревидира сексистичките примери во неговите изданија.

Дали сте „мажјаснувач“?

Еден англиски збор којшто беше сосема нов во 2008, шест години подоцна влегува во Оксфордскиот онлајн речник. Ако потрае неговата употреба, како и појавата која ја опишува, неговото место во сите идни изданија на речникот е загарантирано.

Вашиот роденденски збор

Koj збор (во англискиот) ја одбележал годината кога сте се родиле? Бутлег, френеми, блог или паркур? Проверете сами.

Стани моме да тверкаш, да те гледам весел јас

По провокативното чепатење на Мајли Сајрус на овогодинешниве МТВ награди, кои некои го нарекуваат играње, глаголот „to twerk" доби на популарност. До толку што излезе муабет дека експресно го додале во Оксфордскиот речник на англискиот јазик.

Работава ни е „омнишемблс"

Oxford University Press и оваа година ги одбра двата најпопуларни збора во англискиот. Британскиот и американскиот победник стануваат нови одредници во Оксфордскиот речник на англискиот јазик.