Bookbox

Потрагата по eдна закопана чорба на Арктикот

Во геологијата, пермафрост е почва чија температура останува на, или под 0 степени во текот на две или повеќе години. Нејзиното уништување има импликации за глобалните климатски промени. Една трагично завршена експедиција која имала сосема друга цел, покажала дека таа може да биде природен „фрижидер“ во кој може да се чува храна со децении.

Средовековната песна за вагината

Била жена, живеела во 15 век и пишувала безобразна поезија на велшки. Зошто никој не ја знае? Па затоа што била жена, живеела во 15 век и пишувала безобразна поезија на велшки.

Дали - и зошто не - користите тире?

Од време на време помеѓу писателите, новинарите, уредниците и лекторите - добро, не баш нашите - се разгорува тема за полезност или излишност на некој интерпункциски знак. Веќе пишувавме во слава на точка запирката. На ред е - тирето.

Стивен Колбер и Џ. Р. Р. Толкин за страдањето

Кога прочитавме дека во интервјуто на Андерсон Купер со Стивен Колбер на Си-ен-ен од 16 август главната тема била тагата, тоа ни зазвучи необично. Колбер - циничниот комичар - зборува за тага? Да, и за страдање, и за Бог, и притоа го цитира Толкин.

Историја на предаторот кој има однесено 52 милијарди човечки животи (до сега)

Нова книга под наслов „Комарец: човечка историја на нашиот најсмртоносен предатор“ од Тимоти Вајнгард, тврди дека ова мало и (од човечки аспект) злобно инсектче до сега има убиено повеќе луѓе од сите војни во историјата заедно.

Културна изолација: како да НЕ нарачуваш книги и плочи во Македонија

Оние кои го поминале процесот опишан во статијава ќе знаат точно за што станува збор. Оние кои не го поминале - не очајувајте. Има решение и за оние кои сакаат да работат на себе читајќи или слушајќи музика. 

Како се ширел зборот „шеќер“?

Најверојатно потекнува од санскритското „саркара“. И тоа е еден од оние зборови кои звучат слично (слатко) во голем број светски јазици.

Зборувањето сами со себе во трето лице може да ве направи помудри

Се вика „илеизам“, и претставува метод на интроспекција од позиција на некој кој не е „јас“, туку е „тој“ или „таа“. Во посебни случаи можно е и кралското „ние“.

Aроганцијата на терминот „антропоцен“

Постоењето на геолошка епоха во која доминира човекот, и која е наречена според него, дава погрешен впечаток за нејзиното значење во големата слика на историјата на планетата.

Песна изгравирана на таблета за хемотерапија

Британците, исто како и Американците, имаат позиција „поет лауреат“, која постои од 17 век. Оваа година неа ја држи поетот Сајмон Армитиџ, кој напиша песна на необичен медиум.

Влијанието на „ефектот на Грета Тунберг“ врз издаваштвото

Едно 15-годишно девојче лани почна со протести за климатски промени и стана медиумска ѕвезда. Нејзините настапи инспирираат голем број млади луѓе, меѓу другото и да читаат на оваа тема.

Двојниот живот на камионџиите

Краток документарец за судбините на професионалните американски камионџии, некои од нив и четириесет години зад воланот, постојано крстарејќи од брег до брег. Водат еден живот дома, друг на патот. Но со себе ги носат своите приказни.

Нов концепт: клубови за тивко читање

Сакате да читате, ама не можете да се натерате да пуштите мобилен од рака и да земете книга, за смирено со неа да минете барем еден час? Или немате каде? Има лек. Читање во тишина, со други.

Mанијата за летно лизгање на мраз

Мразот за богатите Европејци од 19 век претставувал знак на престиж - да се има дома за разладување, но и да се лизга на него во текот на целата година. Со глобалното затоплување, и покрај сета расположива технологија, ова може да стане и луксуз на иднината. 

Дали градителите во Стоунхенџ користеле свинска маст за транспорт?

Од нашата дамнешна посета на Стоунхенџ ни останало во сеќавање како среде ливада стојат големи камени блокови, додека наоколу нема камен - ни со камен да фрлиш. За тоа од каде пристигнале сега се знае повеќе, но не и за тоа како.

Чешката претстава во која е прв пат спомнат зборот „робот“

Работа-роб-робот. Звучи многу познато, и лингвистички, и како чувство. Но Карел Чапек бил прв кој го употребил зборот во контекст на дистописката иднина на трудот, во која роботите ќе ја преземат работата на луѓето. Кои пак ќе станат нивни робови.

Koга Марк Твен сакал да произведува брендирани часовници

За различните, понекогаш бизарни бизнис проекти кои ги имал откачениот Твен сме пишувале и претходно. Но ни се измолкнал еден детал, моментот кога славниот писател инвестирал во компанија за таа да произведува „Марк Твен“ џебен часовник.

Апаратот кој може да регистрира што си зборувате во себе

Не сме баш сигурни дека би сакале да го употребиме. Ама па можеби би слушнале нешто важно, што инаку го пропуштаме, додека не се слушаме себеси.

Хиперсвесните се меѓу нас (само се кријат)

Ова го тврди Нил Бартон, психијатар и филозоф, чија најнова книга носи наслов „Хиперсвесност: мислење кое го надминува мислењето“. A зошто некој хиперсвесен би се криел? Па затоа што е...свесен!

Бремената маркиза која починала преведувајќи го Њутн

Имала 42 години, била трудна со четвртото дете од љубовник-поет, а за свое животно дело го прогласила преводот од латински на „Принципите“ на Њутн. Толку напорно работела, што не дочекала да го види објавено.

Kако настанала точка-запирката?

Хибридниот знак, љубовен спој помеѓу точката и запирката, е резултат на период кога не постоеле интерпункциски правила, и секој можел да си измислува, додава и брише знаци кои му се допаѓаат. Ама таа е еден од ретките кои преживеале до денес.

„Гамбија е милина од земја“

Со Александар се запознавме преку Букбокс, од време на време знае да испрати некој интересен линк или да отпоздрави од некоја далечна земја. За последнава од која се јави се фативме дека не знаеме ама баш ништо. И ете повод за интервју-репортажа, за дестинација која звучи идеална за посета некаде од октомври, кога кај нас ќе фатат тоа загадувањето и маглите. 

Потеклото на изразот „земи или остави“

Се вика „Хобсоновиот избор“, но се состои од понуда на само едно нешто. Бидејќи може само да се одбие да се прифати она што е понудено, опциите се сведуваат на тоа нештото да се земе, или да се остави.

Неимар на зборот: 200 години од раѓањето на Херман Мелвил

Вчера, 1.8, се одбележаа два века од раѓањето на авторот на најзначајната, а најретко читана книга на англиски. Наречена е „Монт Еверест на книжевноста“, но не заради големиот број страници (такви обемни книги има многу), туку заради тоа што нејзиното исчитување станува поход до самиот себе - борба со сопствените демони, бури и китови.