Улогата на „поетот-лауреат“ не подразбира посебни обврски, но се очекува дека тој или таа ќе напишат стихови по повод значајни национални празнувања или други настани. Сепак, најновата песна, втора во мандатот на актуелниот лауреат Сајмон Армитиџ, не е објавена на хартија, ниту пак е прочитана на глас на некаков собир. Таа е изгравирана од микро-уметникот Греам Шорт на таблета за хемотерапија со димензии 2cmX1cm.
Насловот е „Завршувајќи ја работата“ (Finishing It) и таа е нарачана од лондонскиот Институт за истражување на ракот. Песната би требало да ја симболизира новата генерација третмани за оваа болест кои се планирани од Центарот за развивање на лекови за рак во склоп на Институтот.
„Не можам да направам таблица/изрежана од Божјиот прст/само оваа зашеќерена таблета од песна/една реченица која лошо зборува/за лошата болест“
Песната е составена од 51 збор и според таблето-режачот нанесувањето било многу тешко затоа што таа постојано се ронела. Начинот на кој тој работи е интересен - зема лекарства кои му го намалуваат пулсот на 20-25 срцеви удари во минута, и со на тој начин смирена рака го нанесува текстот со специјални игли.
Според Армитиџ поврзаноста помеѓу науката и поезијата е во тоа што обете се базираат на прашањето „што ако?“, што креативно замислуваат можности и последици. А ако таблетата е физички лек, песната би требало да е емоционален иљач кој ќе го надополни исцелувањето.