Bookbox

Нова книга на Уелбек во која го нарекува Трамп „добар претседател“

Во средата, 7.10, во Франција излезе нова збирка есеи на Уелбек, под наслов „Интервенции 2020“. Меѓу нив и такви со за многумина скандалознa поддршка на Трамп и на француски полемичар-исламофоб.

Необична супер моќ: луѓе на кои не им пречи мирис на смрдлива риба

Нова генетска студија, која не случајно се одвивала во Исланд, открила дека мал процент на луѓе, поради генетска мутација, се имуни на силен мирис на застојана риба.

Мачорот кому еден англиски поет му посветил верска химна

„Џефри: поетовата мачка“ на Оливер Соден е поглед на животот на англискиот поет Кристофер Смарт, но низ очите на неговиот жолт мачор.

Oговарања, обвинувања, местенки: скандалот со познато антрополошко списание

На 2 септември оваа година почина Дејвид Гребер, еден од најпознатите современи антрополози, анархист и активист во движењето Окјупај вол стрит. Но среде сите тажења по неговото заминување, излегоа и потсетници на скандал во кој тој игра една од главните улоги. 

Експериментот за учење од далечина од 1937

Без оглед на сè што се случува последниве месеци, децата си се деца и тие растат без оглед дали е пандемија или не. Им требаат нови искуства, контакти, и начини на кои ќе бидат образовани. Ова го знаеме сега, но го знаеле и во текот на претходните пандемии.

Дали конечно заврши војната околу тоа кој е најзаслужен за CRISPR?

Во 2017 во статија под наслов „Лекција по наука за сечие незнаење“ напишавме: „КРИСПР е нешто многу јако во науката и еден од најсериозните кандидати за некоја од скорешните Нобелови награди за хемија“. Денес таа беше доделена на две научнички, за нивниот придонес кон оваа алатка. 

Изумителот Еди Ван Хален

Почина на 65 години, откако ја загуби борбата со ракот. Но освен по неговата виртуозност на гитарата, тој би требало да биде запомнет и како човекот кој го има поднесено најдобро илустрираното барање за патент во историјата на американското патентирање.

Филозофот кој доби Нобел за молекуларна биологија

Жак Моно бил биохемичар кој заедно со двајца колеги ја добил Нобеловата за физиологија или медицина во 1965, за нивните откритија поврзани со генетската контрола на ензимите и синтезата на вируси. Но освен што бил биолог тој бил одличен музичар, филозоф и политички активист.

„Кромидестата Мадона“ - жената која ја открила слоевитата структура на jaдрото на атомот

Денес, 6.10, ќе биде објавен добитникот на овогодинешното високо признание, Нобелова награда за физика. Дали можеби ќе биде добитничка?

Шест албуми за шесте фази на Алцхајмер

„Кертејкер“ е еден од долгорочните проекти на англискиот електронски музичар Лиланд Џејмс Кирби, кој од својот прв албум „Избрани спомени од проколнатата сала за играње“ (1999) се занимава со природата на мемориите и начинот на кој тие се губат, како резултат на старост или на дегенеративни процеси во мозокот.

Што се случило кога претседателот на САД фатил грип во 1918?

Вудроу Вилсон се разболел во текот на мировните преговори во Париз, но на јавноста никогаш не ѝ била кажана вистинската приказна. 

Зошто реставрирањето историски снимки во 4K резолуција не е во ред?

Јутјубери користат вештачка интелигенција за „оживување“ на историјата. Но иако делуваат фасцинантно, овие снимки не придонесуваат за нашето подобро разбирање на историјата, туку прават таа повеќе да личи на сегашноста.

Амазон ги блокираше производите на кои пишува „повлечи се“ и „биди подготвен“

На претседателската дебата оддржана на 29.09, водителот експлицитно побара Трамп да ги осуди белите супрематисти. Одговорот на Трамп беше протолкуван како кодиран повик кон нив, да „бидат така“ во случај на потреба.

Mоже да патуваш во минатото а да не ја загрозиш иднината

Бројни научно-фантастични книги и филмови го користат парадоксот на тоа што би се случило доколку се вратиш назад во времето и направиш нешто (во минатото) што би ја променило иднината, најчесто на полошо. Ама според најнови истражувања минатото е малку потврдоглаво отколку што сме мислеле.

Детската книга што недостасуваше: сликовница врз основа на „Д Офис“

Малку ни е тешко да замислиме како би функционирала детска книга за компанијата Дандер Мифлин и нејзините oткачени, цинични, смотани и често безобразни ликови. Но авторите на оваа сликовница веројатно знаат што прават.

Неуспешниот план Јапонците во Втората светска војна да се победат со - радиоактивни лисици

Неверојатната идеја со кодно име „Операција Фантазија“ требало да ги деморализира силите на Оската со имитирање на митолошки духови.

Ти Боун Барнет и неговата песна од 5000 стихови

За Џозеф Хенри Барнет, попознат како Ти Боун, сме пишувале и претходно, но како продуцент и автор на филмска музика (The Hunger Games, Crazy Heat, O Brother, Where Are Thou? и др.). Но еве го сега со нов албум со сопствена музика, и што е уште поинтересно, сопствени стихови.

Нема веќе „дами и господа“ на авионите на најголемата јапонска авио-компанија

Japan Airlines е една од глобалните авио-компании кои воведуваат родово неутрални поздрави до патниците.

„Лапот“ - дипломскиот труд на неодамна починатиот Горан Паскаљевиќ

Српскиот режисер, сценарист и продуцент почина на 25.09 во Париз, на 74 години. Припаѓаше на легендарната генерација југословенски режисери од Прашката школа, а го режираше и „Буре барут“ по сценарио на Дејан Дуковски. Неговото прво дело е краткометражен филм за една подзаборавена легенда.

Дали Французите ќе ги ископуваат телата на Рембо и Верлен?

За да се обезбеди „диверзитет“ на париските гробишта на славните, дел од француските интелектуалци предлагаат таму (во Пантеонот) да бидат пренесени телата на двајцата омилени поети, кои биле во интензивна и често насилна врска. Но има и такви кои велат - оставете ги луѓето на раат. 

Новинарот кој ја разоткри најголемата медицинска катастрофа на сите времиња

Вчера, 24.9, на 92 години почина сер Харолд Еванс, британско-американски уредник и новинар, кој во моментот на смртта сè уште работеше како уредник на Ројтерс. Една од неговите најзначајни истражувачки стории е онаа за лекарството Талидомид, кое било причина за голем број деформации кај новороденчиња.

Дали Хегел бил расист?

Најголемите модерни филозофи верувале дека црните и домородните народи во светот биле примитивни, инфериорни и дека за ова да се смени требало да им се наметне европско образование и просветителство. Дали расизмот на поединци влијае врз нивните филозофски системи, кои денес се изучуваат како врвно знаење?