Bookbox

Врската помеѓу „Озарк“ и сколовранците

Понекогаш во серии кои се за дрога, убиства и прељуба ќе се најде некој ситен, навидум страничен детал, кој овозможува симболичко толкување на целата содржина. Во случајов инвазивен вид птици, за чие постоење во САД е виновен - Шекспир.

Приказните кои требаше да нè подготват

Дека пандемијата не требаше да нè изненади покажува супер кат од десетици филмови во кои е содржано предупредување (и по некој совет) во врска со неа. Интересното е што некои од овие филмови на прв поглед немаат никаква врска со темата. 

Почина Кристо, уметникот кој сакаше да „замотува“ големи нешта

Роден како Христо Владимиров Јавачев во Бугарија, Кристо со децении работеше со сопругата Жан-Клод на инсталации кои изгледаа како огромни пакети или предмети покриени со циради како за кречење. Починал на 84 години, од природна смрт во неговиот дом во Њујорк.

Сите сме едно: глобален филмски фестивал

Од вчера, 29 мај до 7 јуни ќе се одржи бесплатен онлајн фестивал кој обединува повеќе од 20 познати филмски фестивали. Сите донации кои ќе бидат собрани ќе одат за борба против Ковид-19.

Жената на која Бетовен ѝ ја посветил славната „Месечева соната“

Нов роман ја раскажува приказната на ученичката по пијано на која ѝ е посветено едно од најславните дела во музичката историја.

Неофеудализам: вистинското име на современиот капитализам?

Во „Капиталот е мртов“, книга од 2019, авторката МекКензи Варк прашува: Што ако веќе не сме во капитализам, туку во нешто полошо?

Koja реченица би требало да им се остави во аманет на следните генерации во случај на катаклизма?

Еден ден во 1961, ваква дилема пред студентите поставил славниот физичар (и свирач на удирачки инструменти) Ричард Фајнман.

До последниот здив: загубената уметност на дишењето

Земаме воздух 25.000 пати дневно, без да мислиме на тоа. Но пандемијата фрла нова светлина на респираторните болести и здивовите кои ги сфаќаме здраво за готово.

Како изгледа највисокото пијано на светот?

Дејвид Клавинс е германско-латвијски конструктор на клавири. Неговиот „Модел 370“ е официјално најголемиот на светот, и тоа поради неговата висина. Дигиталната верзија на истиот во 2012 бил објавен под името „Џинот“.

Нова продукција на „Лебедово езеро“ во - када

Би-би-си го ангажираше кореографот Кори Бејкер да направи адаптација на славното дело така за балетските уметници да можат да го играат од дома. Нему решението му паднало на памет - под туш.

Самопомош: како да кажеш „не“?

Едно е да бидеш фин, друго е да не можеш да се одбраниш од навалица на побарувања, покани и замолници. Како што човек старее си создава органски механизми за одбивање на нешта кои му го одземаат скапоценото преостанато време. Но што порано се научи ова, толку подобро.

Како самотниците ја помагаат еволуцијата на човечкиот род

Организмите кои не го следат „стадото“ можеби не се девијација, туку начин природата да го диверзифицира ризикот.

Виролозите кои докажаа дека не се луди

Во втората половина на 20 век, група научници се опседнале со необично семејство вируси за коишто сметале дека предизвикуваат рак. Но нивните колеги ги одбегнувале како да се нетокму.

Зошто Јозеф Хајдн бил погребан без глава?

Славниот композитор умрел на 31 мај 1809, на 77 години. Моментот не бил погоден за достоен погреб, кој се случил дури десет години подоцна. Кога го отвориле сандакот за да ги преместат моштите, внатре нашле тело со мувлосана перика наместо глава.

Аргументите за и против домашно школување

Пандемијата ги затече образовните институции, кои мораа многу бргу да се прилагодат на новонастанатата ситуација. Сето тоа и кај нас, и на глобално ниво, делуваше прилично невоедначено, често преамбициозно и непотребно панично. Дали домашното школување би била подобра опција, и во и вон карантин?

Почина батлерот кој служел под 11 американски претседатели

Вилсон Џерман, кој во Белата куќа најпрвин работел во времето на Ајзенхауер, а се пензионирал под Обама, починал од коронавирус на возраст од 91 година.

Како да не добиеш Нобел

Во својата книга „Како ја изгубив Нобеловата награда: приказна за космологија, амбиција и опасностите на највисокото научно признание“, физичарот Брајан Китинг раскажува приказна која вклучува голем ентузијазам, разочарување и научени лекции од целиот потфат.

Фонограф од 1930 - будилник во комбинација со грамофон

Се вика „Петар Пан“ и може да ве буди со омилената грамофонска плоча, која ако барем малку ви значи нема да се осудите да ја оштетите со мавање по будилникот. 

Самопрогласениот крал на Германија

Петер Фицек е дел од радикално десничарско движење кое го одрекува постоењето на модерната германска држава. Рахјсбургерите - неговите поданици - имаат свој пасош и свои „ангелски“ пари. Колку и да звучи откачено, сето ова со години функционира, и покрај обидот на властите за растурање на „кралството“.

„Крик“ на Мунк треба социјално да се дистанцира

Ремек-делото кое може да се толкува како илустрација на ужасите на 20 век, но и анксиозноста на нашиот, треба да се заштити од влажноста на здивовите на љубителите на уметноста. Дали тие ќе треба да носат маски, да не се приближуваат до сликата или просто да не дишат?

Самоукиот затвореник кој објавува статии во математички списанија

Иако не е најпријатното нешто што може да му се случи некому, престојот во затвор може да го обезбеди потребниот мир за размислување. Во овој пример на човек осуден за убиство, кој сега е ко-автор на статија од областа на теоријата на броеви.

Музеј на КОВИД-19: како историчарите ја документираат пандемијата

Колку и да звучи грубо, периодов е „златна кокошка“ за агилните етнолози, историчари и хроничари. Под „агилни“ мислиме на таквите кои не чекаат нешто да биде со декрет прогласено за историски релевантно за да почнат да се занимаваат со него. И притоа да загубат скапоцено време.

Тајната библиотека во град под опсада

Пандемијата го киднапираше јавниот дискурс, и истурка други значајни теми на маргините. Една од нив е како да се преживее, и физички но и ментално, во град под опсада. Не од вирус, туку од војна. И не со трупање тоалет хартија, туку со спасување книги. 

Првиот северно-корејски роман објавен на англиски

„Пријател“ од Паек Намнјонг во Северна Кореја била издадена прв пат во 1988. Триесет години подоцна, таа станува првиот севернокорејски роман кој е објавен на англиски, од престижниот издавач Коламбија јуниверзити прес.