Германскиот музеј на часовници (Deutsches Uhrenmuseum) го опишува овој артефакт на следниов начин: никој не го сака грозниот звук на алармот за будење. Оттаму, многумина преферираат да се разбудат со својата омилена музика. Но кој вели дека ваков часовник е можен само во денешно време?
Будилникот во комбинација со грамофон од збирката на музејот датира од 1930. Тој работи како стандарден будилник од тоа време, со таа разлика што наместо ѕвонче, она што се активира во соодветното време е моторот на грамофонот. Тој почнува да врти винил, и тоа една страна два пати, веројатно за да се биде сигурен дека корисникот навистина ќе се разбуди. Отворениот капак на кутијата служи како резонатор. А името му е симболично - будилникот се вика Петар Пан, веројатно асоцирајќи на игривоста на оваа „играчка“.
Eве како звучи тоа
(се активира во 39-та секунда)