Во склоп на глобалниот онлајн филмски фестивал „Сите сме едно“ (за којшто пишувавме тука) на Јутјуб се прикажува одлична монтажа на филмови кои содржат предупредувања за катастрофи, болести и други човечки несреќи.
Авторите, Џек Наџент и Ендрју Фернандез, практично сакале да ја раскажат приказната за коронавирусот, иако пораката е поуниверзална - цело време сме (биле) свесни за сите можни последици од нашиот начин на живот, кршливоста на здравиот разум и човештината, можноста да нè снема поради природни и други катастрофи, па сепак не сме ги послушале филмските предупредувања.
Она што е интересно е што помеѓу филмовите кои се појавуваат во овој осумминутен мешап има и такви за кои не би очекувале дека би содржеле вакви сублиминални пораки, како цртаниот „Осмозис Џонс“, или „Ајкула“ на Спилберг, на кој до сега се сеќававме само како на хорор со големи риби. „Со заштита на другите се спасувате и себеси. Ако само мислите на себе, ќе се уништите“, се вели пак во сцена на „Седумте самураи“ на Куросава. И антологиското од „Чернобил“ - „Не е супер, но не е ни ужасно“, како потценување на опасноста и вовед во катастрофа.
Подолу список на сите содржани филмови според минутажа:
28 days later 00:29
The light house (2019) 00:35
The shining 00:39
The big short 00:41
28 days later 00:55
Contagion 00:58
Contagion 1:10
Cloudy with a chance of meatballs2 1:37
Dr. Erin Mears 1:53
Bring him home 2:00
Chernobyl 2:05
Osmosis jones 2:10
Chernobyl 2:42
Jaws 2:55
Monster inc 2:56
The thing(1982) 3:35
The shining 3:41
The lighthouse 3:51
A space odyssey 4:13
Outbreak (1995) 4:15
The shining 4:23
Wall-E 4:32
A space odyssey 5:40
Outbreak (1995) 5:43
Jaws (1975) 6:05
Contagion 6:14
Annihilation 6:32
28 days later 6:37
The redemption of cains 6:53
Seven samurai (1954) 7:36
The thing 7:56
28 days later 8:05
Од досега објавените кратки филмови на спомнатиот онлајн фестивал (со ограничена достапност на јутјуб отприлика една недела) топла препорака и за : откачената акција „Јајцето“, цртаниот „Птичја карма“ и сатиричниот „Светлата страна“.