Сите сме едно: глобален филмски фестивал ќе се обиде да ги обедини филмските уметници на меѓународен настан кој ја прославува вештината на раскажување приказни. Помеѓу 20-те фестивали кои учествуваат со своја програма се и Берлинскиот, Венецијанскиот, Санденс, Сараево, Сан Себастијан и Трибека.
Настанот се промовира како 10-дневен дигитален филмски фестивал без преседан во досегашната историја. Тој ќе се одвива на Јутјуб каналот We Are One. Иако има детален распоред, сепак голем број од филмовите ќе останат некое време онлајн. На програмата има кратки, анимирани и долгометражни филмови, документарци, интервјуа и мастеркласови со познати филмски уметници. Целиот распоред може да се види тука.
На секоја од страниците на фестивалот има опција за донирање, а собраните средсва ќе одат за ублажување на последиците од пандемијата.