Од вкупно 52 гола на натпреварите од второто коло во Лига Европа ви издвојуваме два. Кевин Де Брујн од Волфсбург му испрати проектил на Лил, а фудбалерот од Феенорд Свен Ван Бек на мечот против Стандард постигна регуларен гол со рака.
Гостувањата на Карабах и Динамо Загреб против Интер и Селтик се покажаа како тешки тврдини за освојување. Локерен каде настапува Бесарт Абдурахими славеше против Металист. Беспрекорни во второто коло од ЛЕ беа италијанските претставници, а во Лондон, Демба Ба го спаси Бешикташ од пораз.
Тоа што не си дел од најелитното клупско европско друштво има и добра страна. Ќе го одмориш тимот, ќе се спремаш повеќе тактички и нема да имаш стрес во сред недела. Јувентус и Рома имаат такво искуство.
Дани Велбек е главно име во денешниот англиски печат, бидејќи по Анри и Бендтнер, стана само трет фудбалер на Арсенал кој успеал да постигне хет-трик во Лигата на шампионите. ФА денеска го соопшти списокот на Англија за следните два квалификациски дуели, но му го утна клубот.
Фудбалерите на Партизан заминаа во Грција каде вечерва ќе одиграат натпревар од Лига Европа против Триполис. Во експедицијата ги понесоа најсилните адути на клубот.
Откако Норвешка се повлече (затоа што не и се трошат многу пари), како кандидати за организирање на Зимската Олимпијада 2022-ра останаа Кина и Казахстан.
По првите натпревари во Лигата на Европа пред две недели, второто коло продолжува вечерва, а најголемо внимание за нас привлекуваат дуелите на двајцата македонски репрезентативци, како и средбата во Лондон помеѓу Тотенхем и Бешикташ.
Ракометарите на Вардар во сабота против Чеховски Медведи ќе отворат ново поглавје во „Јане Сандански“. Тимур Дибиров посакува тоа да стане неосвоива тврдина.
На целата подготвеност на Пекинг и комплетната полициска машинерија што им е на низок старт, луѓето никако да стигнат да покажат се што знаат на тема смирување протести и покрај тоа што пола Хонгконг е излезен на улица.
Циничниот табор научници кои сметаат дека за експериментот во ЦЕРН се трошат премногу пари за нешто што не изгледа дека има непосредна практична примена, сега конечно можат да здивнат - Големиот хардонски колајдер може да создава музика. И така одеднаш сè добива смисла.
Мексиканскиот напаѓач им ги искина нервите на сите кои чекаа да го штиклираат Реал Мадрид на тикетите откако ја извади топката од голот на домашните при резултат 1-1.
Лудогорец излезе на терен сред Софија, и наспроти сите очекувања му поведе на кралскиот клуб. Реал сепак успеа да се врати во игра, многу благодарејќи на два пенала. Еве за што Реал доби пенали.
Иако се носи на грб и е туч тешко (цирка 5 кила), овој ранец на млазен погон помага на секои истрчани 100 метри да ќарувате по неколку секунди. Па да видиме чија мајка џетпек плете.
Автор на Гардијан ја иронизира "хуманитарната мотивација" на бомбардирање на џихадистите во Сирија и Ирак хиперболизирајќи ја идејата животот да се спасува со бомби.
Оваа чест ни ја направија кинеските властите кои за Денот на создавањето на Кина, од безбедносни причини, почнаа да бараат бомби во анусите на гулабите кои беа дел од прославата.
Навивачите на Галатасарај и Борусија Дортмунд ѝ тераат инает на УЕФА. И едните и другите направија бакљада на натпреварите од Лигата на шампионите, настап што скапо ќе ги чини по казните што им се спремаат во Цирих.
„Еди Ван Хален, да си јадеш ушите", наводно изјавил Џорџ Харисон кога налетал на еден од албумите на Шринивас. Музичкиот гениј и виртуозот на индијска мандолина, кој соработуваше со Меклафин и Мајкл Најман, почина на 45 години.