Муарем на Меаца, Адеми во Глазгов против Селтик

По првите натпревари во Лигата на Европа пред две недели, второто коло продолжува вечерва, а најголемо внимание за нас привлекуваат дуелите на двајцата македонски репрезентативци, како и средбата во Лондон помеѓу Тотенхем и Бешикташ. 

Тотенхем - Бешикташ

- На отворањето на ЛЕ, двата тима освоија по бод во групата Ц, откако Тотенхем ремизираше со Партизан во Белград (0-0), а Бешикташ дома со грчкиот Астерас Триполис (1-1);

- Тренерот на Бешикташ, Славен Билиќ повторно ќе се врати во Лондон, овој пат како тренер на Бешикташ. Поранешниот хрватски селектор го тренираше и Вест Хем, со кој неколку пати гостуваше на „Вајт Харт Лејн“;

- Англискиот и турскиот претставник својот последен дуел го имаа во сезоната 2006/2006, во групната фаза на Купот на Уефа. „Спарси“ тогаш славеа 2-0 во Истанбул;

- На сите досегашни гостувања во Англија, Бешикташ има 2 победи и 5 порази, без ниту еден нерешен исход;

- Тотенхем славел на 10 од претходните 13 натпревари во Европа на „Вајт Харт Лејн“ каде има само еден пораз, минатата година од Бенфика (1-3);

- Околу 3.000 навивачи на Бешикташ допатувале утринава во Лондон, но според договорот за реципроцитет, англискиот клуб обезбедил 2.000 влезници за гостите колку што ќе добие и Тотенхем за гостувањето во Истанбул;

- Во домашните првенства, Тотенхем во недела го очекува дуел против Саутемптон дома, додека Бешикташ му гостува на Баликешиспор.

Група А:

Виљареал - Аполон (21:05)
Цирих - Менхенгладбах (21:05)

Група Б:

Торино - Копенхаген (21:05)
ХЈК Хелсинки - Клуб Бриж (21:05)

Група Ц:

Астерас Триполис - Партизан (21:05)
Тотенхем - Бешикташ (21:05)

Група Д:

Селтик - Динамо Загреб (21:05)
Астра Плоешти - Салцбург (21:05)

Група Е: 

Динамо Москва - ПСВ (17:00)
Ешторил - Панатинаикос (21:05)

Група Ф:

Интер - Карабах (21:05)
Сент Етјен - Днипро (21:05)

Група Г:

Феенорд - Стандард Лиеж (19:00)
Ријека - Севиља (19:00)

Група Х:

Краснодар - Евертон (18:00)
Волфсбург - Лил (19:00)

Група И:

Слован Братислава - Наполи (19:00)
Спарта Прага - Јанг Бојс (19:00)

Група Ј:

Динамо Киев - Стеауа Букурешт (19:00)
Алборг - Рио Аве (19:00)

Група К:

Генгам - ПАОК (19:00)
Динамо Минск - Фиорентина (19:00)

Група Л:

Трабзонспор - Легија Варшава (19:00)
Локерен - Металист Харков (19:00)

Играј ги на Типстер

2 октомври 2014 - 13:53