Месец септември помина со само еден гол на Балотели кој го постигна на првиот меч во ЛШ против Лудогорец. Синоќа Ливерпул загуби од Базел со 1:0, а навивачите воопшто не се задоволни од неговата партија.
Некои од нив го нарекоа егоист и неспособен да игра тимски, а други рекоа дека е непотребен и дека бадијала се потрошени пари за него. Дел од навивачите се надеваат дека вчера не му било денот, а најстрогите сметаат дека треба да се продаде по можност уште во јануари.
Притисокот врз Балотели на островот беше голем и кога играше во Манчестер Сити, но пред се поради глупостите со кои ги полнеше насловните страни. На Енфилд Роуд за сега е умен, но навивачите не се задоволни од стартот на Ливерпул во Премиер лигата и ги фаќа носталгија за Суарез.