Повеќе тигри по каучи, отколку во џунгла

Во САД моментално има 5.000 тигри, од нив само околу 5% се сместени во зоолошки. Во остатокот од светот, во дивина, нема повеќе од 3.200 примероци.

Проблемот е што иако САД имаат закони кои не дозволуваат егзотични животни, тие не важат и не се еднакви во секоја сојузна држава. Плус, и во тие држави каде што важат, животните пак се достапни за купување преку интернет или на аукции за егзотични животни (имаше и вест за една жена која продавала мали тигарчиња на паркинг на Волмарт во Тексас).

8 сојузни држави немаат никакви закони за поседување на егзотични животни, а во другите се поставуваат различни граници за тоа какво животно може да се чува дома, и тие се движат од мечки и мајмуни, до крокодили.

"Нема луѓе на сојузните граници што ќе те пребаруваат за тигар. Ако некој во Њујорк сака тигар, тој само ќе отиде до Охајо, ќе купи еден и ќе го донесе дома," објаснува авторот на книгата за шверц на животни, The Lizard King, Брајан Кристи.

Трговијата со овие животни е прилично профитабилна. Бебе тигар може да биде најдено за 200 долари, а луѓето кои не сакаат да го чуваат како куќен миленик имаат опција животното да го продадат за некоја година за 10 пати поголема цена. Во овие случаи, најчести купувачи се луѓето кои се заинтересирани за најразличните внатрешни органи од тигарот, коските и брковите, кои се користат во азиската медицина, или за неговата кожа.

15 мај 2014 - 19:15