Здравјето со ќотек доаѓа?

Како последица на проблемите во здравството, се повеќе доктори во Кина јадат ќотек од пациентите.

Минатата недела во болница во северна Кина, доктор приправник беше убиен со нож а тројца негови колеги сериозно повредени. Инаку, во текот на минатата година, најмалку 10 медицински лица беа убиени од пациенти.

Причини за ова почнуваат од долги редови за преглед (кои се формираат уште од вечер), до лечење на обична настинка за 160 долари, или чести грешки на докторите и долгогодишни медицински спорови.

Од друга страна, докторите се гневни на пациентите. Работат по 10 часа на ден и имаат над 100 пациенти во смена. Здравствениот систем ги тера на препишуваат вишок лекови, инаку ни тие, ни болниците нема да можат да преживеат.

Анализата на весникот Економик Обсервер покажала дека сржта на сите овие проблеми се парите. Во основа, пациентот плаќа огромна цена (материјално или ментално) за терапија која нема да го излечи. Друг проблем е што пациентите немаат канал преку кој можат да го искажат својот гнев.

4 април 2012 - 17:46