Како да ја подготвите вашата патна аптека за безгрижен летен одмор

Цела година го исчекуваме годишниот одмор. И токму кога ќе се упатиме кон посакуваната дестинација, одморот може да се претвори во вистинска ноќна мора затоа што не сме навикнати на целодневно сонце, плажа, инсекти, поинаква исхрана и поинакви хигиенски стандарди.

Статистиката говори дека секој човек, на годишен одмор, просечно е болен два до два и пол дена. Затоа, многу е важно добро да се подготвиме пред патувањето и да понесеме: лекови, медицински заштитни материјали и медицинска козметика.

1) Патување: задолжително понесете пробиотици комбинирани со цинк и витамин б6 (прочитајте повеќе на www.probalans.mk) и/или комбинација од пробиотици и ОРС (прочитајте повеќе на www.diarino.hr) и лекови за намалување на зголемена телесна температура

Промената на климатските услови, храна, вода, кревет, честопати може да предизвикаат бројни нарушувања на дигестивниот систем: стомачни тегоби и мачнина од патување, пролив, запек, повраќање, дехидратација и покачена телесна температура.

Препорачуваме да се избегнуваат патувања во најтоплиот дел од денот и секогаш да имате доволни количини свежа вода и добро измиено овошје.

2) Сонце, вода, плажа...: задолжително понесете крема за заштита од сонце, крема за после сончање, средства против алергии и креми за сончеви изгореници

Пристигнувањето на плажа и море значи радост и игра, но тоа значи и часови поминати на сонце и контакт со различни иритативни агенси (солена вода, специфични бактерии на плажата, медузи) кои може да предизвикаат: Сончеви изгореници и Алергии.

Препорачуваме да не се изложувате на сончеви зраци од 10 часот наутро се до 17 часот попладне, а кога и да излегувате на сонце, заштитете ја кожата со тоа што ќе ја намачкате со средства со заштитен фактор половина час пред изложување. Нанесувајте крема секогаш кога сметате дека е измиена од вашето тело. Откако ќе заврши денот поминат на плажа, секогаш користете средство наменето за по сончање.

3) Инсекти: задолжително понесете: средство против инсекти (комарци) и средство за ублажување на болки од убоди од инсекти или медузи

Комарците, осите и медузите, честопати се неизбежен „сопатник" на одморот и важно е да имаме прва помош во случај на проблеми со нив.

4) Повреди: задолжително понесете: средство за дезинфекција на рани, крема за ублажување на спортски повреди, средство против болки, фластери, завој, ханзапласт

Летото е синоним за игра и постојано движење, а тоа на отворен простор знае да донесе и повреди (исеченици, исчашени зглобови). Затоа, не заборавајте ги средствата за дезинфекција, завоите, газите, водоотпорните фластери, антибиотски прашак или спреј и слично.

Што треба да содржи вашата патна аптека:

1) Прва помош за проблеми при патувања
• средство за смирување на стомачни тегоби и мачнина од патување (пробиотици)- прочитајте повеќе на www.probalans.mk
• средство против пролив/запек, повраќање (пробиотици + ОРС)- прочитајте повеќе на www.diarino.hr
• лекови за намалување на зголемена телесна температура (антипиретици)
• топломер

2) Прва помош за проблеми со изложеноста на сонце
• крема за заштита од сонце и крема за после сончање
• средства против алергии
• крема против изгореници од сонце

3) Прва помош за проблеми со инсекти и др.:
• средство против инсекти (комарци)
• крема за ублажување на болка од убоди од инсекти или медузи
• средство за дезинфекција на рани (алкохол, јод)
• пинцета

4) Прва помош при повреди
• средство против болки (аналгетици)
• фластери
• завој
• ханзапласт

M-р по фармација Филип Ачкоски
(комерцијален текст)

 

4 јули 2016 - 14:39