Еден ден со шизофренија

За сите подобро да разберат што се случува кај луѓето со ова ментално растројство, Андерсон Купер, водителот на СиЕнЕн и комплетно шизофренија-фри човек, се обидува да се стави на место на шизофреничар и тоа не подолго од еден ден. Сето ова го снима и го раскажува секој дел.

Експериментот со шизофренија го прави преку мп3 плеер на кој се снимени гласови од луѓе, кои симулираат она што шизофреничарите го слушаат во својата глава.

Со слушалките во уво, тој треба да реши неколку прости тестови со броеви, да запамети 5 бројки и да ги повтори, да направи брод од хартија следејќи нацртани упатства и уште неколку слични задачи. По ова треба да излезе на улица и да прошета неколку блокови.

После првиот половина час, најголема мака на Купер е да се воздржи да не им врати на гласовите за кои е комплетно свесен дека се снимани, дека тој ги пуштил на плеерот и дека му доаѓаат од слушалките.

12 јуни 2014 - 11:46