Таг: шизофренија

9 минути со шизофреник

Толку е ужасно претставена шизофренијата во социјалната култура, што сме дојдени до степен и како навреда да го користиме зборот. А реалноста е дека постојат луѓе, често блиску до нас што секојдневно се борат со сопствени демони, и не, не се сите филмски сериски убијци.

Еден ден со шизофренија

За сите подобро да разберат што се случува кај луѓето со ова ментално растројство, Андерсон Купер, водителот на СиЕнЕн и комплетно шизофренија-фри човек, се обидува да се стави на место на шизофреничар и тоа не подолго од еден ден. Сето ова го снима и го раскажува секој дел.