Брзата храна ефикасна како и протеинот?

Базирано на научни истражувања, а не на нашите потајни желби за функционирање на светот, излегува дека бургерот и помфритот се подеднакво ефикасни во помагање на перформансите на спортистите како и протеинот (во кутија).

Во истражувањето се тестираат протеинските прашоци наспроти комбинација на брза храна од МекДоналдс - бургери, помфрит, колачи и слични.

Целата студија е спроведена на 11 машки спортисти, кои се меѓу врвните во своите спортови. Тие требало да минат 90-минутен тренинг на кој му претходи 12-часовен пост. По ова спортистите се делат на две групи, едните после тренинг добиваат брза храна, другите суплементи. Два часа подоцна тие пак треба да јадат од тоа што им е препишано, и да почекаат уште 120 минути пред повторно да вежбаат (20 километри на статичен велосипед, за колку можат побрзо). Една недела подоцна експериментот се повторува, ама овој пат на групите им се дава спротивниот оброк.

"По анализата Крамер открива дека спортистите кои јаделе беза храна го завршиле својот тренинг подеднакво брзо како и оние кои биле на суплементи. Плус нивоата на гликоген во мускулите се многу повисоки кај групата што била на брза храна, отколку кај оние што биле на суплементи. Гликогенот е нешто како гориво за вашите мускули, кога ќе се потроши тоа влијае на перформансите. Дополнително Крамер не открил никаква разлика во нивото на инсулин, шеќер, холестерол и триглицериди. Испитаниците пријавиле подеднакво ниво на стомачни проблеми," се објаснува во анализата на студијата.

Она што треба да се има предвид е дека ова е само една студија на темата, плус во неа се испитуваат врвни спортисти чиј метаболизам работи под полна пареа и може се' да стопи, плус нивната дневна исхрана не содржи ни приближно многу џанк-фуд како вашата, па не е проблем ако направат ваков инцидентен криминал, плус ако ти е до бургер, не барај оправданија од космосот, оди купи.

3 април 2015 - 11:29