"Луѓето што се во болка не се добри во носење одлуки," објаснува новинарката Кетрин Џејкобсон Рамин, авторка на Crooked: Outwitting the Back Pain Industry and Getting on the Road to Recovery.
Кога ќе собереш милиони такви одлуки, доаѓаш до индустрија која годишно вреди 100 милијарди долари, само во САД, како што објаснува Лила Меклелан во Кварц "индустрија која на Американците им продава погрешни па дури и опасни решенија на болките во грбот. Ова вклучува непотребни лекови за болка, инекции, операции и 'местења' од киропкратичари".
А и пазарот не е мал, околу 80% од Американците се очекува дека во текот на својот живот ќе страдаат од барем една епизода на болка во половината.
Она што Рамин заклучува во својата книга по опсежни истражувања е дека на крај решението кај најголем број од луѓето со вакви болки е да продолжат да се движат.
Рамин во книгата открива дека од 100-те милијарди долари, околу 40 милијарди одат на операции на рбетот и отстранување на оштетените или повредени дискови и санирање на местото. Проблемот со зафатот е што ретко кога функционира, има успешност од 35% а во просек чини околу 80.000 долари.
Разидувањето е во тоа што оваа операција е најверојатно да помогне кај пациенти кои се млади, спортски активни и физички средени, додека типичниот кандидат за операцијата е 54-годишен пациент.
Рамин во својата книга посветува цело заглавие на киропрактичари (местачи / масери) и нивните терапии со местење, подместување и одглавување.
Таа дава и резиме на потеклото на овие пракси:
"Само-прогласениот лекувач роден во 1845 во близина на Торонто, Даниел Дејвид Палмер е татко на киропрактиката. Тој почнува како хипнотизер за заздравување и забавувач кој можел да ги натера луѓето да заспијат или да играат неконтролирано. Подоцна, тој опишува нешто што го нарекува 'витална сила' или 'вродена интелигенција' која постои во 'рбетот; таа може да го организира, одржува и заздравува телото. Меѓутоа изместувањата во ’рбетот можат да ја исфрлат од колосек таа енергија, со страшни психолошки последици."
Киропрактичарите работат на средување на овие изместувања, кои како што посочува Рамин е невозможно да бидат покажани на рендгенски снимки "затоа што не постојат". Рамин објаснува дека изместувањата во рбетот за кои зборуваат киропрактичарите можат да бидат последица на сериозни повреди, "од кои ќе завршиш во болница, а не на маса за масирање".
На секое "а како тогаш ми е подобро одма после масажата", одговорот е дека третманот резултира со наплив на ендорфини, кои по некое време ги снемува, а болката се враќа. Една од најдобрите забелешки е дека ако болката не се врати по масажата, тоа најверојатно значи дека човекот ќе го имал истиот исход и без никаква грижа.
Она што Рамин предлага е да го слушнете Стујарт Мекгил, професор по кинезиологија на Универзитетот Ватерло во Онтарио. Мекгил како глобално признаен авторитет би да го поништи сè она што мислите дека го знаете за кичмата, грбот и половината: