Според Здружението за организација на заедниците, во Хонг Конг над 100.000 луѓе живеат во "кјубикл" апартмани, со површина од 3,7 метри квадратни (запирката не е грешка) кои се добиваат со поделба на веќе и онака малите станови.
Иако некои од становите се за студенти или имигранти работници, во дел од нив живеат и цели семејства.
Како дел од кампањата за подигнување на свест околу ситуацијата и притисок врз властите, Здружението ангажираше фотографи кои ќе направат фотки од становите од птичја перспектива.
На сликите им е додаден и QR код, со чие скенирање директно ја отворате страницата со петицијата до властите на Хонг Конг.