На неговата тирада против Меган за која Пирс Морган не ја крие својата нетрпливост, му се с'сна колега од емисијата Добро утро Британијо, ко-презентерот Алекс Бересфорд кој застана во одбрана на Меган и Хари и рече дека е неприфатлив начинот на кој ги третира Морган.
„Знаеме дека имаш, поточно имаше лични односи со Меган Маркл и таа има право да реши да не комуницира веќе со тебе, ако така сакала. Дали откако те исклучи таа кажала нешто лошо за тебе додека ти продолжуваш да ја хејташ во секоја можна прилика?“, го праша Береесфорд во лице својот колега, по што на овој му пукна филм и среде емисија излезе од студиото.
Инаку, ставовите на Пирс Морган околу фамозното интервју наидоа на поддршка од интересни контра-банди. Зад него застана Џејк Тапер од Сиенен но и Мегин Кели, поранешната перјаница на Фокс
њуз.
Поддршка за Морган стигна и од Шерон Озборн која преку Твитер потсети дека негова работа (за што е и платен) е да има свое мислење.
*********
Види и:
Неподносливиот комплекс на жртва на Меган Маркл
Машко, женско, транс. И уште 97 други.