Премиерата на серијата привлече 2,2 милиони гледачи, а последната епизода ја изгледаа 3,04 милиони, што и не е некоја бројка за американски стандарди.
Сепак, премиум каналите како ХБО, заработуваат на продажба на претплата. Нивна главна цел е да ги задоволат постојните претплатници и да привлечат нови. Тие ова го постигнуваат, нудејќи им оригинални тв серии, ексклузивни филмови и спортска програма во секое време. Затоа на ХБО не му прави разлика дали некој ја гледал премиерата на епизодата или изгледал некоја од репризите една недела подоцна.
На бесплатните телевизии и на обичната кабелска тв, рекламирањето е главен извор на пари за програмите, заради што и ниските рејтинзи обично значат и укинување на шоуто.
Бројките за кои се заинтересирани премиум каналите се рејтинзите на неделно ниво, кои вклучуваат репризи и VOD. По оваа основа, иако првото прикажување на епизода од Игра на тронови го гледале во просек 2,5 милиони гледачи, на неделно ниво просек на секоја епизода е 9,3 милиони гледачи.
За премиум каналите е важно и колку "баз" создава некоја серија, бидејќи колку повеќе Игра на тронови доминира во секојдневните муабети, толку повеќе луѓе ќе се претплатат на ХБО.
На сето ова треба да се додаде и дека ХБО извади 25 милиони долари само од продажба на серијата на интернационалниот пазар, што е речиси половина од вкупниот буџет за снимање на првата сезона на Троновите, кој се проценува некаде помеѓу 50 и 60 милиони долари. Плус треба да се пресмета и продажбата на ДВД-а (350.000 примероци само во првата недела).
за тие што ја пропуштија првата сезона: