Џон Дилерманд (Џон = Јован, Дилерманд = Куровски зашто „diler“ е дански сленг за пенис) има вонсериски голем пенис, толку голем што тоа му е главна алатка во решавање проблеми и ситуации: со него може да спасува луѓе, да резбари мурали, да вее знамиња или да краде сладоледи од деца.
Серијата е анимирана, наменета е за деца од 4 до 8 годишна возраст и зад неа стои данскиот јавен бродкастер.
Дури и во Данска ова предизвика полемика што треба а што не треба да биде за деца. Противниците стравуваат дека со серија во која се опева моќта на машките гениталии ќе биде чекор назад во родовата еднаквост која во општеството е високо ценета. Некои велат дека ова ич не ѝ требало на Данска среде #МеТоо движењето.
Ерла Хајнесен Хојстед, клинички психолог која работи со деца и семејства смета дека противниците малку повеќе ја тупат.
„Џон Дилерманд е близок со децата и го дели нивниот начин на размислување а за децата неговите гениталии се само забавни,“ вели таа бранејќи го Куровски со фактот дека тој во серијата сепак на крајот ја носи вистинската морална одлука, без разлика на алатот со кој се служи.
Данскиот радиодифузен јавен сервис има долга историја на поместување на границите што е за емитување, особено во детската програма. Еден од омилените детски ликови кои се производ на таа телевизија е Онкел Реје, еден брадест морнар кој пуши луле и пцуе.
Најлабаво на свет, на критиките одговорија дека сосема лесно новата серија можела да биде со огромна вагина чија сопственичка не може да ја контролира и дека е најважно на децата Дилерманд да им е забавен.