Пoлноќ на авторските права

Вуди Ален и Сони мораа судски да докажуваат дека не ги повредиле авторските права на Вилијам Фокнер (умрен пред пола век) затоа што употребиле негов цитат во филм. Колку е таа ситуација со авторските права забегана говори и фактот дека ослободителната судска пресуда морала да биде образложена на цели 17 страници.

Правните наследници на американскиот писател Вилијам Фокнер го тужеа продуцентот на вудиевиот филм "Полноќ во Париз" заради недозволена употреба на цитат од новелата на Фокнер "Реквием за една калуѓерка."

Во филмот које напишан и режиран од Вуди Ален, ликот кој го толкува Овен Вилсон во една сцена вели:

"Минатото не е мртво. Всушност, дури не е ни минато. Знаеш кој го кажа тоа? Фокнер, и човекот беше во право".

Ете, само толку  е земено од Фокнер, плус изворот е референциран ама тоа било доволно за авторските мршојадци да побараат пари.

Целиот случај се сведува на тоа дали една единствена реплика од роман употребена во целовечерен филм претставува кршење на авторски права. Судот не мисли така, објасни судијата на федералниот суд од Мисисипи.

И царски додал:

Заради случајов го одгледавме филмот на Вуди Ален и ја прочитавме книгата на Вилијам Фокнер. Среќни сме што никој од нас не побара да го гледаме Шаркнадо.