Треска на пауза за ручек

Швеѓаните почнаа да го трампаат одењето на пауза за оброк, со одење во диско на пладне.

Се повеќе вработени во Шведска, паузите на работа ги трошат на Lunch Beat, 1-часовен настан на кој одиш да играш и да каснеш нешто.

Учесниците за влезница од 14 долари добиваат цел час музика и сендвич, за да не се вратат гладни на работа.

Настанот прв пат се одржал во јуни 2010-та во Стокхолм, кога се појавиле само 14 луѓе. Денес на собиранките доаѓаат стотици луѓе, а целиот феномен е раширен низ повеќе шведски градови.

Организацијата е непрофитна, а неодамна отворија и фондација која треба да собира фондови што ќе помогнат во отворање на нови "филијали" во други градови.

"Првото правило на Lunch Beat е дека мораш да танцуваш. Ако не сакаш да играш за време на паузата за ручек, тогаш треба ручекот да го јадеш на некое друго место," објаснува 31-годишниот организатор на Lunch Beat Стокхолм, Даниел Оделстад.

3 април 2012 - 12:56