Новото нормално во поглед на алкохолот

Веќе 30 години, официјалните здравствени препораки во поглед на алкохолот беа да се пијат најмногу две пијачки на ден. Многу било. Од сега по една. 

Цели пет години ниедна ставка за милиметар не е променета од официјалните американски препораки за исхрана. Ова статус кво се менува заради алкохолот, директиви кои се на сила уште од 1990 година и кои препорачуваа да се пие умерено а тоа умерено значеше две пијачки дневно за мажи и една за жени.

И наместо жените да ги апгрејдираат во нивните права, мажите се спуштаат за пијачка подолу и од сега, ако пиеш по две пијачки на ден, што било знак за умереност цели 30 години, ќе значи дека претеруваш, не знаеш за доста и дефинитивно имаш проблем со алкохолот.

Под терминот пијачка надлежните сметаат 340 мл пиво, 150 мл вино или шотче јак алкохол (тука е шансата, немаат точно дефинирано мислејќи дека не постои креативно толкување на тој поим).

„Како нација, ќе бидеме колективно поздрави ако пиеме помалку,“ рече еден од здравствените експерти кои учествувале во донесувањето на новите препораки, среде пандемија од коронавирус во која луѓето гинат како пред еден век од Шпанска грозница а онаа силна наука засега е сигурна само дека е фино пациентот да се врти на стомак.

 

16 јули 2020 - 14:35