Алко-тестот е технолошки едноставно решение бидејќи инстантно го мери присуството на етанол во нечиј здив.
Користењето марихуана не може баш лесно и брзо да се детектира. Обично полицијата во Америка сомнителните возачи ги познава по чудното возење, координацијата, манирите и други физички знаци.
Вкупно 18 американски сојузни држави имаат поставено лимити за присуство на ТХЦ во крвта за време на возење. Бидејќи се нема едноставен начин, се праќаат на давање крв а резултатите можат да се чекаат со недели.
Сега науката решила да ѝ помогне на полицијата и да добие ефикасно алатче слично на алко-тестот. Во кое ќе дуваат оние за кои џандарот се сомнева дека дувале.
Со тоа се занимава група научници од Вашингтон кои веќе имаат прототип справа која инстантно покажува ТХЦ во здивот. Го пробале на мала мостра на луѓе и функционира.
Допрва претстои негово стандардизирање за да мери точно без разлика на полот, возраста, крвната група и слично. Ама, натаму оди работата.