"Ајде малку разгледај наоколу" му рекол Мајк Олдфилд на англискиот новинар кој на Бахамите го прашал музичарот дали има шанси некогаш се врати во својата татковина.
"Не, не верувам дека некогаш ќе посакам повторно да живеам таму," рекол Олдфилд кој со своето семејство неколку години живее во такс-фри рајот на Бахамските острови.
Вели дека во новиот дом му е топло а луѓето се пријатни и љубезни.
Да ја напушти својата земја му било советувано уште пред 40 години за да го избегне драконскиот лабуристички данок од 86 проценти на тантиемите од албумот Tubular Bells. Во меѓувреме живеел во Швајцарија, Мајорка, Ибица и Монако за кончено со својот најмал син и сопруга да се скраси на Бахамите.
Инаку, има вкупно 7 деца но признава дека не бил добар татко бидејжи бил опседант со музиката. А со неа решил да се занимава откако на 19 години го имал своето прво ЛСД искуство. Дотогаш сонувал да биде пилот на РАФ.
За случувањата во својата земја нема баш добри зборови. Му пречи целата Биг Брадер култура и има чувство дека Британија им служи на своите граѓани како претшколска установа, со сите тие CCTV камери насекаде, рестриктивни закони, забрани за пушење и здравствени правила.
Вели дека Бахамите го потсетуваат на Британија каква што некогаш била. Луѓето се ведри, пријатни и не живеат во постојан страв дека некој ќе ги ограби.
Исто така признава дека во последните 15 години, оссвен Arctic Monkeys, не наишол на музика која вреди да се слуша.