Викторија Сикрет продава толку многу гаќи што предизвикува општа завист меѓу конкуренцијата. Не е тајна дека една од тајните на ваквиот успех се нејзините ангели и педантноста со која тие се бираат.
"Постојат малку жени на планетава кои можат да бидат наши ангели", своевремено порача еден од клучните луѓе во компанијата, кастинг директорот Ричард Хаберли.
Една од среќните кои заслужено влезе во оваа одбрана група е 24 годишниот модел од Јужна Африка Кендис Свонепол.
Нејзин најголем проблем се - крилјата. Вели дека се толку незгодни за носење што еднаш дури и одбила да ги носи.
"Практично требаше на грб да носам две харфи. Го одбив тоа. Да паднев со нив на пистата, ќе требаше да трчаат луѓе и да ме транспортираат," вели Свонепол.
Инаку, според човекот кој ги бира девојките, цаката е во тоа тие да "палат" кај жени, а не кај мажи. А нема потешко од тоа да најдеш жена на која друга жена нема што да и забележи. Заради инсистирањето да се задржи ваквиот профил на девојките, откако ќе потпишат за Викторија Сикрет, тие не смеат да позираат за машки магазини.
Кендис на лесни тезги, кога одмора од харфите: