Протестот против "замрачувањето на Берни" се случуваат една недела по уверливата победа на Сандерс во Вашингтон, Хаваи и Аљаска, резултати за кои CNN ги резервираше маргините на својата информативна програма.
Игнорирањето на Сандерс на оваа глобална мрежа е очигледно и продолжува наспроти неговите шест значајни победи по ред. Уште од почетокот на прелиминарната претседателска трка, во центарот на нивното внимание кога се работи за демократскиот блок е Хилари Клинтон.
Не без причина. CNN е во сопственост на Тајм Ворнер, осмиот по големина донатор на кампањата на Хилари.