Омикрон нема да ја избегне вакцината

Разговор со Педи Дикс, кој до април годинава ја водеше британската вакцинална операција, која, и по оценката на тамошните критички настроени медиуми, беше ретка работа која Британија ја направи саглам во пандемијата: испорачаа 120 милиони дози вакцини, вклучително 23 милиони бустер дози. Омикрон не го плаши.  

Педи Ханам (Спајкд): Претходно кажавте дека Омикрон може да биде „бура во шолја чај“ што ќе издува прилично брзо. Што сакавте да кажете со тоа?

Клајв Дикс: Моментално имаме работа со делта и регистрираме  30.000-50.000 случаи дневно. Тоа не нè тревожи бидејќи хоспитализирањата и смртните случаи не се зголемуваат. Ако омикрон е попренослив од делта, како што сугерираат податоците кои ги имаме, веројатно ќе ја претрка делта. Со оглед на тоа што изгледа дека омикрон предизвикува полесни симптоми, тоа сценарио би било исто какво што го имаме сега, но подобро.

Ханам: Што со стравувањата дека омикрон ќе може да ги избегне вакцините? Дали тоа ве загрижува?

Дикс: Не. Едноставно не е точно дека ќе ги избегне вакцините. Погледнете ги податоците од тестовите кои покажуваат дали вакцините спречууваат варијантите да влегуваат во клетките на луѓето. Во сите случаи, вакцините беа најдобри (во тој параметар) против оригиналната Вухан варијанта. Со алфа, ефикасноста на таа мерка падна, понатаму падна и со бета, гама и делта. Но, сè што ви кажува ова е дека е помалку веројатно вакцината да спречи да се заразите. Не видовме пикови во сериозните форми. Во таа смисла, вакцината делува подеднакво добро против делта -  во смисла на спречување луѓето да се разболат сериозно - како и против Вухан ватијантата.

Со омикрон веројатно ќе го видиме истиот тренд. Луѓето ќе помислат дека ја избегнува заштитата затоа што луѓето сè уште се заразуваат, како што беше случај со претходните варијанти. Но, ефикасноста во избегнување сериозни болести и смрт веројатно ќе биде исто толку добра како и кај другите варијанти.

Се воведуваат многу нови ограничувања. Дали мислите дека ова е соодветнa реакција на омикрон?

Дикс: Да, мислам дека е соодветна. Од самиот почеток требаше да го задржиме задолжителното носење маски. Во моментов, мораме да внимаваме да го задржиме трансферот низок. Ако со новата варијанта имаме 50.000 инфекции дневно, тоа не е проблем. Но, ако завршиме со 100.000 случаи на ден, тоа ќе почне да го напнува здравствениот систем. Треба да бидеме внимателни следните неколку месеци.

Против локдаун сум. Секаде каде што можеме, ни требаат едноставни работи како што е носење маски и избегнување преполни места кои не се добро проветрени, како и да работиме од дома ако можеме.

Но, одењето во локалниот паб на вечерна пијачка кога нема многу луѓе, не е проблем. И не мислам дека владата треба да наложува премногу.

Дали постои опасност, особено со пасошите за вакцини, постоењето премногу ограничувања всушност да ја поткопа вербата во вакцината?

Дикс: Ако зборувате за антиваксери, мислам дека ним не им прави никаква разлика што ќе им кажете. Тие имаат начин на размислување кој нема да го променат. Но, за оние кои се двоумат, ова што го кажавте е точно. Тие ги разгледуваат сите информации што може да ги наведат да не ја примат вакцината.

********

Види и:

Омикрон може да ни заврши голема работа

 

13 декември 2021 - 18:43